Стаменкоска Трајкоска: Подготвена сум за предизвиците во Кисела Вода

August 20, 2025
1 min read

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, преку објава на социјалните мрежи истакна дека Општина Кисела Вода за неа не е само место на живеење и работа, туку вистинска заедница во која вложува енергија и верба.

„Имав привилегија да соработувам со градоначалник како Орце Ѓорѓиевски – човек кој не постави само цели, туку и многу високи стандарди. Тоа не создава притисок, туку поттик за да се продолжи со истата сериозност, чесност и почит кон граѓаните,“ вели Стаменкоска Трајкоска.

Таа нагласи дека фактот што нејзиното име се појавува во анкетите на партијата како можен кандидат за градоначалник на Кисела Вода го доживува како знак на доверба, но и како сериозна обврска и чест.

„Присутна сум во својата заедница, информирана и активна. Успешните приказни треба да продолжат затоа што тоа ѝ го должиме на секоја улица, секое маало, секое семејство во Кисела Вода,“ додаде таа.

Стаменкоска Трајкоска потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ располага со кадри кои не ја учат политиката од функцијата, туку носат знаење, искуство и чувство на припадност уште пред да седнат на било која позиција.

„Верувам во тимот во кој сум дел. Верувам во вредностите што нè водат. А пред сè верувам во тоа дека граѓаните гледаат и ја препознаваат работата,“ завршува нејзината порака.

За мене, Кисела Вода не е само место, туку заедница во која живеам, работам и верувам.

Имав привилегија да соработувам со градоначалник како Орце Ѓорѓиевски – човек кој не постави само цели, туку и многу високи стандарди.
Да работиме тимски за развојот на нашата општина.

Тоа не создава притисок, туку поттик за да се продолжи со истата сериозност, чесност, резултати и почит кон граѓаните.

Фактот што моето име се појавува во анкетите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Кисела Вода го доживувам како знак на доверба, но и како сериозна обврска и чест.

Подготвена сум за сите следни предизвици. Присутна сум во својата заедница, информирана и активна.

Успешните приказни треба да продолжат затоа што тоа ѝ го должиме на секоја улица, секое маало, секое семејство во Кисела Вода.

ВМРО-ДПМНЕ има луѓе кои не учат политика од функцијата, туку носат знаење, искуство и чувство на припадност уште пред да се седне на било која позиција.

Верувам во тимот во кој сум дел. Верувам во вредностите што нè водат. А пред сè верувам во тоа дека граѓаните гледаат и ја препознаваат работата.

Posted by Бети Стаменкоска Трајкоска on Wednesday, August 20, 2025

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Донарума се договори со Сити, ама уште не е готово!

Следно

Литванскиот претседател: Подготвени сме да испратиме војници во Украина

Latest from Blog

Трамп ја исклучи можноста за американски војници во Украина, но отвори врата за воздушна поддршка

25 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не планира распоредување на американски војници на украинска територија, но остави отворена можност САД да обезбедат воздушна поддршка како дел од мировен договор за прекин

Во Нови Сад блокирана зградата на судот, се бара укинување на притворот на уапсените на протестите 

23 Граѓаните на Нови Сад и денеска продолжуваат да ја блокираат зградата на судот и да бараат укинување на притворот за сите успсени од простестите.  Блокадата веќе втор ден почнува во шест
Go toTop