Стабилна реализација на буџетот во првиот квартал и раст на приходната страна

April 3, 2026
1 min read

Во првите три месеци од 2026 година, Буџетот бележи стабилна реализација и раст на приходната страна, што укажува подобрена наплата.

Вкупните приходи во Буџетот достигнаа 81,2 милијарди денари, што претставува раст од 5,7% во однос на истиот период во 2025 година. Вкупните приходи од даноци се зголемни за 4,7%, при што највисок пораст се забележува кај Данокот на добивка од 23,6% и Данокот на личен доход од 12,3%.

Повратот на ДДВ е зголемен за 17,3%, или вкупно кон стопанството се вратени 12 милјарди денари. Воедно, приходите од увозни давачки се повисоки за 9,1%.

Раст е забележан и кај неданочните приходи од 16,4% во првиот квартал од 2026 година споредено со истиот период минатата година.

На расходната страна, вкупните расходи изнесуваат 106,3 милјарди денари, што претставува раст од 18,4% споредено со првиот квартал минатата година.  Особено значаен е растот на капиталните расходи, кои во првиот квартал достигнаа 8,3 милијарди денари, што е зголемување од 196,5% во однос на истиот период лани, што укажува на засилена динамика на реализација на капиталните инвестиции.

Министерството за финансии ќе продолжи да работи на одговорно управување со јавните финансии, поддршка на економската активност и реализација на приоритетните развојни проекти.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Брод од Западна Европа за првпат од почетокот на војната мина низ Ормускиот теснец

Следно

Зеленски: Ситуацијата на бојното поле е најдобра во последните 10 месеци

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила
Go toTop