ССНМ го осудува неетичкото известување на дел од медиумите од денешните погреби на жртвите од трагедијата во Кочани

March 20, 2025
1 min read

ССНМ го осудува неетичкото известување на дел од медиумите од денешните погреби на жртвите од трагедијата во Кочани.

„И покрај сите предупредувања и договорениот Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од трагедијата во Кочани денес е забележано нарушување на основниот кодекс за почитување на приватноста на погодените, што беше опфатено и во протоколот кој со направија Владата на РСМ, ССНМ и ЗНМ.

Главнината од домашните медиуми, со неколку отстапки, го испочитуваат договорот и се придржуваа до насоките и информираа коректно, но неколку странски медиуми се обидоа да привлечат гледачи и читатели на најнепримерен начин.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги осудува постапките на дел од медиумите и смета дека со начинот на информирање (преноси во живо) ги нарушија стандардите за етичко новинарство и дополнително ја зголемија болката кај погодените, но и кај публиката.

ССНМ уште еднаш ги замолува претставниците на медиумите, и во следните денови на жалост, да ја остваруваат својата основната улога, да информираат, но да бидат внимателни со чувствата на граѓаните и да ги почитуваат етичките кодекси“, стои во соопштението на ССНМ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Штип се прости од петтемина загинати во пожарот во Кочани

Следно

Уште три лица повредени во пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Турција

Latest from Blog

Катар: Иран премина многу црвени линии, нападите имаат катастрофални последици

Предупредувањето доаѓа во време кога војната меѓу САД, Израел и Иран продолжува без знаци на крај на повидок, објави Ал Џезира. Ал-Ансари на денешната прес-конференција изјави дека нападите на Иран врз Катар

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по
Go toTop