ССМ со јавна седница на улица: Бараат 500 евра минимална плата, седницата почна со едноминутен молк за жртвите во Кочани

April 2, 2025
1 min read

Со едноминутен молк во чест на загинатите во трагедијата во Кочани, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денес ја започна својата прва јавна седница на улица. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, го прочита дневниот ред, кој беше едногласно усвоен од присутните.

„Оваа јавна седница ја одржуваме во исклучително тажни околности. Со едноминутно молчење да оддадеме почит на трагично загинатите во Кочани. Вечна им слава, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување“, изјави Трендафилов.

Барања и пораки до Владата и Собранието
На дневен ред беа три клучни точки. Првата – пораката дека „не може да има за пратениците, а да нема за работниците“. Втората – предупредување дека „подадената рака од работникот денес може да стане стисната тупаница утре“. Третата – инсистирање дека „не може да се одлучува за работниците без работниците“.

ССМ останува на ставот дека минималната плата треба да изнесува 500 евра. За ова барање веќе доставиле предлози до Собранието и Владата, истакнувајќи дека нема да отстапат додека не се исполнат нивните барања.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Курти казнет со 250 евра затоа што одбил да сведочи пред обвинителството

Следно

Трендафилов: Да донесеме одлука пратениците да бидат на минимална плата до наредното зголемување на минималната плата

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.
Go toTop