Српското обвинителство им одреди притвор на косовските полицајци, ги сомничи за нелегално поседување оружје

June 16, 2023
1 min read

Косовскиот премиер Албин Курти претходно, на „Преспа форумот“ во Струга изјави дека обвинителот во Србија очигледно се откажал од обвинението за тероризам и дека полицајците се товарат за нелегално поседување оружје

Вишото јавно обвинителство во Краљево донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца косовски полицајци поради сомнение дека сториле кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали, јавува Радио Слободна Европа.

Обвинителството во тој град на југот на Србија на 16 јуни по распитот на полицајците соопшти дека на сите осомничени им е одредена мерка притвор.

Косовскиот премиер Албин Курти претходно, на „Преспа форумот“ во Струга изјави дека обвинителот во Србија очигледно се откажал од обвинението за тероризам и дека полицајците се товарат за нелегално поседување оружје.

Според властите во Белград, тројца косовски полицајци биле уапсени на 14 јуни, на длабочина од повеќе од еден километар на територијата на Србија.

Директорот на Канцеларијата за Косово на Владата на Србија, Петар Петковиќ, во првите обраќања ги означи како „терористи“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потоа изјави дека „треба така да гледате кога некој со оружје ќе ја нападне вашата територија“.

„Ќе видиме кои биле вистинските намери на уапсените, дали имале посериозни планови. Можно е навистина да не знаеле каде се“,

рече Вучиќ.

Властите во Приштина тврдат дека косовски полицајци биле киднапирани на територијата на Косово при обиколка на границата.

Овој случај е последен во серијата инциденти кои ги зголемија тензиите меѓу Србија и Косово во последните недели.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Кинескиот претседател домаќин на милијардерот Бил Гејтс

Следно

Македонија ЃП се засили со офанзивец од втората бугарска лига

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop