Српското МВР потврди: Осомничениот за масакрот кај Младеновац е уапсен во населбата Грошница, во околината на Крагуевац 

May 5, 2023
1 min read

„Припадници на МВР по опсежна потрага го уапсија У. Б. (роден 2002) во населба Грошница, во околината на Крагуевац. Тој е осомничен дека синоќа со огнено оружје уби осум лица и рани 14. Полицијата продолжува со работа на расветлување на сите факти и околности за овој настан“, се наведува во информацијата од српското МВР што ја пренесува РТС

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека 21-годишниот Урош Б. осомничен за масовното убиство кај Младеновац е упасен по обемната потрагата на припадниците на Министерството.  

Припадник на српската полиција (Илустративна фтографија)/Фото: Архива

Како што инфромираат од српското МВР, тој бил уапсен во населбата Грошница, во околината на Крагуевац.  

„Припадници на МВР по опсежна потрага го уапсија У. Б. (роден 2002) во населба Грошница, во околината на Крагуевац. Тој е осомничен дека синоќа со огнено оружје уби осум лица и рани 14. Полицијата продолжува со работа на расветлување на сите факти и околности за овој настан“,

се наведува во информацијата од српското МВР што ја пренесува РТС. 

Фотографија од напаѓачот што ја објавија српските медиуми

По осомничниот, кој пукајќи од автоматско оружје уби осум и рани повеќе од 10 лица, трагаа околу 600 припадници на специјалните единици на српската полиција.  

Напаѓачот Урош Б. најпрвин почнал да пука во селото Дубона, а потоа продолжил со крвавиот пир во Мало Орашје и селото Шепшин.    

Во Дубона тој убил млад полицаец и неговата сестра, пукајќи по случаен избор во училишниот двор, каде ранил уште неколку лица. Според мештаните, напаѓачот бил познат како проблематично лице кој бил од соседното село Долна Дубона.  

Најмладиот убиен во пукањето е роден 2008 година, односно е на возраст од 15 години.   

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

600 специјалци трагаат по напаѓачот кој уби 8 и рани повеќе од 10 лица кај Младеновац – една од жртвите има 15 години 

Следно

„РЕВИЗОР“ Е ПРЕТСТАВА ЗА РАСИПАНОСТА НА ОБОЖАВАТЕЛИТЕ НА ВЛАСТА, ВЕЛИ РЕЖИСЕРОТ ЦВЕТАНОВСКИ ЗА ПРЕМИЕРАТА ВО КОМЕДИЈА

Latest from Blog

Деребан е татко на три првачиња: Децата ми се најголема инспирација, богатство и благослов

Заменик министерот за правда, Ален Деребан, е татко на три дечиња-првачиња. Деребан е од Струга, по образование е магистер по право од областа на меѓународно право и  меѓународни односи, со положен правосуден

Берзанска сесија со 10,72 милиони денари промет – денес доминираат КБ, Тетекс и НЛБ

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 17 март 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,19% и достигна 9.965,80 поени, додека

Спалети добива нов договор од Јувентус

фото: JuventusFC (X) Според денешното издание на Газета Дело Спорт, тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети е многу близку до потпишување на нов договор со клубот. Истиот би бил со траење со 2027
Go toTop