Српски функционери од БиХ и Република Српска на „црната листа“ на САД

July 31, 2023
1 min read

Министерството за финансии на САД објави дека четворицата политичари што се најдоа на „црната лсита“ се директно одговорни за поттикнување на донесување закон во Народното собрание на Република Српска со кој одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина се прогласуваат за неприменливи во Република Српска

Соединетите американски држави воведоа санкции за Жељка Цвијановиќ, српската членка на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), премиерот на Република Српска (РС) Радован Вишковиќ, министерот за правда на РС, Милош Букејловиќ и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ.

Жељка Цвијановиќ, членка на Претседателството на Босна и Херцеговина
фото: архива

Министерството за финансии на САД објави дека овие политичари се директно одговорни за поттикнување на донесување закон во Народното собрание на Република Српска (НСРС), со кој одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина се прогласуваат за неприменливи во РС, со што се попречува и загрозува спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор. 

„Токму оваа акција ја загрозува стабилноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и тешко стекнатиот мир врз основа на Дејтонскиот мировен договор“,

се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на американското Министерство за финансии.

Нивното однесување, како што се наведува, дополнително го загрозува патот на Босна и Херцеговина и нејзината успешна интеграција во евроатлантските институции.

Потсекретарот на Министерството за финансии за тероризам и финансиско разузнавање, Брајан Нелсон рече дека таквата постапка „ја загрозува стабилноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и тешко стекнатиот мир поддржан со Дејтонскиот мировен договор“.

Претходно на листата на санкционирани беше ставен и претседателот на РС, Милорад Додик, кој е и предлагач на Законот за неизвршување на одлуките на Уставниот суд на БиХ пред НСРС и главен заговорник за неговото усвојување. 

САД воведоа нови санкции против Додик на 5 јануари 2022 година. Претходно Вашингтон воведе санкции против Додик на 17 јули 2017 година поради попречување на Дејтонскиот мировен договор.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Адидас и Манчестер јунајтед потпишаа договор вреден над една милијарда евра

Следно

Парите за заштита и спасување се трошат на бекатонки по општините – Национални шуми чекаат ДЗС и ЦУК да гаснат пожари, вели Максути

Latest from Blog

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна
Go toTop