Српски државјанин уапсен со лажни италијански таблички на автомобилот, поведена постапка

July 28, 2025
1 min read

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за кривично дело –  Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 24 јули, на регионалниот пат Гевгелија – Богданци управувал автомобил Фолксваген поло со лажни италијански регистарски таблички.

Полициски службеници во близина на раскрсницата Ѓавато му дале светлосен знак да застане за да извршат редовна контрола. Но осомничениот не запрел туку го забрзал возилото, а полицајците го следеле. Кај местото викано „Карпи“ го оставил автомобилот и побегнал, но по кратко време бил пронајден. Полицијата констатирала дека осомничениот не поседува сообраќајна дозвола или каква било друга документација за да се утврди потеклото на возилото, додека регистарските таблици припаѓаат на друго возило.

По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија определи мерка притвор во траење од осум дена за осомничениот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Страотни пожари во Турција и Грција

Следно

Се фалеше со 800 а доби само 400, Костовски го прозва Димитриевски за одбиените средства за Куманово

Latest from Blog

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop