Српската заедница го прослави националниот празник Св. Сава со Светосавска академија

January 28, 2025
1 min read

На вечерашната Свечена Светосавска академија, во организација на Српскиот културен центар, по повод Свети Сава – националниот празник на српската заедница, се обратија премиерот Христијан Мицкоски, српскиот Партријах Порфириј, претседателот на Собранието на Република Црна Гора, Андрија Мандиќ, претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ, и др,

Премиерот Мицкоски рече дека српската заедница во Македонија е важен дел од општеството, и дека Македонија и Србија имаат длабоки вкоренети историски врски што не се само од политичка или економска природа, туку се и братски, културни и духовни и дека верува во македонско – српското пријателство кое е дополнителен мост кон европските вредности на демократија, владеење на правото и почит на човековите права. Тој нагласи дека и Свети Климент и Свети Сава ја разбираат силата на знаењето и духовноста како средства за создавање посилни заедници.

„Нивните дела не се само симболи на минатото, туку и се патоказ за иднината. Она што ги поврзува овие двајца великани е нивната визија за народи кои се образовани, силни во својата вера и обединети во своите вредности“, рече премиерот, Мицкоски на вечерашната Светосавска академија.

Српскиот Партријах Порфириј изјави дека една црква е многу позначајно од кое било друго единство.

„Затоа што секое друго единство може да биде помалку или повеќе силно и да има пократок или подолг рок на траење, но има свој почеток и крај. Единството во верата е единство кое се заснова на непоколеблив темел кој се вика Исус Христос. Тоа е единство на сите народи што се родени со светиот дух и поврзани со една вера“, рече тој.

Тој ја подели радост што денеска заедно со значајни претставници од заедниците и институциите прославуваат 850 годишнина од раѓањето на Свети Сава.

„Свети Сава нѐ собира и денеска, тука, да го продолжиме неговото дело, да продолжиме да одиме по патот господов по кој одиме и кој нѐ донесе до тука“, рече Порфириј.

Претседателот на Собранието на Република Црна Гора, Андрија Мандиќ, посочи дека свеченоста како оваа, како што рече, нѐ потсетуваат на длабоките темели на нашата духовност и култура.

„Денеска кога се собираме во Скопје, град со посебна историска важност, праќаме порака на мир и заедништво“, рече Мандиќ.

Милорад Додиќ, претседател на Република Српска рече дека најважниот дел во нивниот идентитет е токму српската православна црква.

„Имаме право да го истакнеме нашиот идентитет и да ги покажеме нашите способности, како и да се воодушевуваме на другите и нивниот идентитет“, рече тој.

Годинашниот добитник на свечената повелба, министерот за култура на Република Србија, Никола Селаковиќ, одржа беседа за Свети Сава.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Решение за дефицитот на биолошка терапија за онколошките пациенти најавено за оваа недела, партиите се обвинуваат кој е виновен

Следно

ЕСМ бара да поскапи парното во Скопје

Latest from Blog

Драма на аеродром во Шкотска: Авион се судрил со камион за гориво, патниците итно евакуирани

Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро.

Сајкоски: По години застој, автопатот Кичево-Охрид набрзо ќе донесе побрз транспорт и регионален развој

Денес остваривме теренска посета на патниот правец Кичево-Охрид, со посебен осврт на делницата кај Пресека, заедно со министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта,

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонијатурист најтргувани на денот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 22 декември 2025 година, индексот МБИ10 порасна за 0,23%, достигнувајќи ниво од 10.114,76 поени,
Go toTop