Српската полиција апси демонстранти, по обидот за влез во Градското собрание во Белград

December 24, 2023
1 min read

Претседателот Александар Вучиќ за вечерва свика седница на Советот за национална безбедност

Полицијата во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград почнале да апсат лица кои вечерва се обидоа да упаднат во зградата на Градското собрание на Белград, јавуваат дел од српските медиуми. Повредени се и неколку полицајци кои ја обезбедувале зградата.

Универзитетската професорка Билјана Стојковиќ за Н1 изјави дека и четворица студенти биле уапсени близу чешката амбасада, дека биле внесени во цивилен автомобил и биле приведени од маскирани и вооружени лица.

Претседателот Александар Вучиќ за вечерва закажа седница на Советот за национална безбедност.

Поддржувачите на коалицијата „Србија против насилството“ (СПН) вечерва го продолжија протестот пред Собранието на Белград, каде полицијата реагираше со солзавец, откако се направи обрач околу зградата, а опозицијата се обиде да упадне внатре. Имаше туркање пред влезот, а искршено е стаклото од влезната врата.

Демонстрациите се против изборните нерегуларности во Србија.

Претседателот Александар Вучиќ во обраќање вечерва изјави дека не е во тек никаква револуција и дека на „помпезно“ најавениот собир се појавиле вкупно 2 490 лица, додека во моментот на неговото обраќање имало 1 195 пред Градското собрание.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Морачанин: ДОМ ќе преговара со СДСМ за коалицирање на парламентарните избори

Следно

Сончево и топло, температурите до 17 степени

Latest from Blog

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до

По иницијатива на Ѓурѓај профункционира првиот национален онлајн медиум minoritete.al (малцинства.ал)

По иницијатива и залагање на претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, профункционира платформата minoritete.al (малцинства.ал), чија цел да биде заеднички глас, простор каде се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на

Петрушевски: Kолата на Апасиев културно пропуштена од денешните блокирачи

Ова е колата на Апасиев, културно пропуштена од денешните блокирачи и некултурно паркирана на паркингот на Собранието, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. -Ако некој сè уште се сомнева во политичката позадина

Град Скопје го расчистува просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк

Град Скопје започна со уредување на просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Старите, бесправно изградени дискотеки се отстрануваат за да се создаде безбеден и

Неверојатно: Во Виетнам се гради најголемиот стадион во светот за 135.000 гледачи!

ФОТО: X Звучи неверојатно, но така е. Виетнам треба да биде домаќин на најголемиот спортски стадион во светот. Изградбата на монументалниот објект „Чонг Донг“ започна во декември, со амбиција да се отвори
Go toTop