Средби на собраниска делегација во Кнесетот на Израел

January 22, 2026
3 mins read

Согласно Програмата, во продолжение на посетата делегацијата од пратеничката група на Собранието оствари повеќе средби во Кнесетот. На средбата со Претседателот на Групата за пријателство со Собранието на Македонија, Хамад Амар и членовите на Групата Тсега Мелаку и Владимир Белијак, беше истакнато дека соработката меѓу двата парламента претставува важен и вокален дел на целокупната билатерална соработка. Пратеничката група за соработка со Кнесетот, која се формира во континуитет во сите парламентарни мандати, е само еден израз на интересот на Собранието да покаже цврста определба и интерес да одржува блиски контакти со Кнесетот.

На средбата пратениците разменија видувања за актуелната политичка и безбедносна ситуација во Израел и на Блискиот Исток, геостратешките влијанија врз безбедносната архитектура на глобално ниво, како и за визиите за траен мир. Чекорот напред кон траен мир во регионот на Блискиот Исток и кој стави крај на војната во Газа, што неодамна се постигна со посредство на американскиот претседател Трамп, влева надеж во остварување на вековните аспирации за мир, просперитет и соживот на овој дел од светот.

Делегацијата беше примена од спикерот на Кнесетот, Амир Охана, при што на средбата беше особено истакната вредноста и значењето на парламентарната дипломатија, која дава посебен печат во севкупните односи меѓу Република Македонија и Државата Израел. Соговорниците се согласија дека парламентарната соработка треба да продолжи и во иднина што несомнено ќе придонесе за подобра и конструктивна соработка на билатерален план. Ефективните придобивки од градењето на блиски релации меѓу двата парламента претставуваат додадена вредност на севкупните билатерални односи. Спикерот Охана изрази голема благодарност што Македонија го поддржува Израел во одбрана на својот суверенитет и дава поддршка и во меѓународните организации и форуми. Делегацијата оствари средба со претседателот на Комитетот за одбрана и надворешни работи на Кнесетот, Боаз Бизмут. Се разговараше за актуелните случувања на Блискиот Исток, тензиите во Иран и демилитаризацијата на Хамас како втора фаза од Планот на Трамп за Газа. Притоа, беше истакната важноста на соработката со други земји и потребата од силна одбрана на една држава како нејзин витален и стратешки интерес.

Делегацијата ги поздрави одличните тридецениски дипломатски односи меѓу Македонија и Државата Израел и се заложи за искористување на нивниот потенцијал во многу области каде Израел остварува извонредни резултати. Особено беше истакнато дека добар пример од Израел што треба да го примениме во нашата земја е враќање на дијаспората, како да се задржат младите во земјата и да се подигне наталитетот, за што беше побарана стручна помош во креирање на акциски план за ова прашање, по примерот на Израел. Во однос на сличните политички и општествени предизвици кои постојат во Израел и во земјите од регионот на Западен Балкан како сензитивен регион, соговорниците ја потенцираа важната улога на парламентарците во одржување на дијалог и релаксирани мултикултурни општествени односи.

Во Министерството за надворешни работи на Државата Израел, делегацијата оствари одделни средби со Министерот за надворешни работи Гидеон Сар, и со заменик-директорката на МАШАВ (MASHAV), официјална Израелска агенција за меѓународна развојна соработка, Ирит Савион-Вајдергорн.

Со министерот Сар, Делегацијата оствари продуктивни разговори за  надворешно-политичките односи меѓу Македонија и Државата Израел, при што беше истакната важноста на овие релации и позитивната соработка во мултилатералните форуми. Особено се цени ставот на нашата земја во ситуации кога има обиди за делегитимирање на Израел на меѓународен план, со што се демонстрира високото ниво на одлични билатерални односи.

Делегацијата се заблагодари за ургентната медицинска и стручна докторска помош за настраданите граѓани од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ минатата година како гест на Влада на наша блиска и пријателска земја.

Домаќините изразија подготвеност да споделат искуства и да ја развијат меѓусебната соработка во земјоделието, управувањето со водата, нови технологии, кибербезбедност, вештачка интелигенција, здравство и сл.

На средбата во МАШАВ (MASHAV), официјална Израелска агенција за меѓународна развојна соработка, основана во 1958 г. и функционира во рамки на Министерството за надворешни работи на Израел, делегацијата оствари средба со заменик-директорката Ирит Савион-Видергорн, која ја запозна делегацијата со активностите на Агенцијата. Проектите на МАШАВ се усогласени со Агендата 2030 на ОН и опфаќаат области како земјоделство и безбедност на храна, управување со води, јавно здравје, образование, родова еднаквост, иновации и одговор при хуманитарни кризи. Преку обуки, експертска поддршка и заеднички проекти, MASHAV придонесува кон унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на билатералните односи на Израел. Агенцијата има мандат да поддржува одржлив развој преку пренос на знаење, јакнење на човечки и институционални капацитети и градење долгорочни партнерства со земји партнери.

Во организација на Министерството за здравство на Државата Израел, Делегацијата имаше средба со втората група доктори и медицински персонал кои беа испратени на ургентна мисија во справувањето со здравствените последици на преживеаните македонски граѓани од пожарот во дискотеката во Кочани. Претседателката на Групата, Рашела Мизрахи и сите членови на делегацијата изразија длабока благодарност за драгоцената помош дадена уште во првите часови по несреќата, при што на целиот медицински тим им беа врачени подароци како израз на благодарноста од сите македонски граѓани во спасување на голем број млади животи. Во име на Претседателот на Собранието, Африм Гаши и во име на сите пратеници беше врачена посебна благодарност до Министерството за здравство на Државата Израел.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска за Фактор: Енергетската сувереност веќе се гради, проценети се инвестиии од над 1,35 милијарди евра во производство и складирање на енергија

Следно

МАИР: Преработеното месо е канцерогено, а црвеното месо е можно канцерогено

Latest from Blog

Божиновска: Македонија го модернизира енергетскиот пазар по европски стандарди

Со потпишување на договорот меѓу Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје и словенечката енергетска берза БСП, официјално започна имплементацијата на пазарот во тековниот ден (Intraday Market), со

Јелена Карлеуша го пријави Душко Тошиќ: Провалил во нејзиниот стан каде што живее со ќерките, пристигнала полицијата

Полицијата пристигнала во Дедиње, а според информациите на српски „Курир“, по околу дваесет минути, Душко Тошиќ наводно ја напуштил куќата во придружба на двајца униформирани полицајци. Откако го забележал присуството на медиумите, наводно

Данците со помош на апликации ги бојкотираат американските производи во супермаркетите

Гневот во Данска поради спорот со САД во врска со Гренланд се шири и низ супермаркетите, при што некои потрошувачи избираат да ги бојкотираат американските производи, јави ДПА. Стоките од САД сè

МАИР: Преработеното месо е канцерогено, а црвеното месо е можно канцерогено

Меѓународната агенција за истражување на ракот (МАИР) при Светската здравствена организација (СЗО) ја оценува потрошувачката на црвено месо како можно канцерогена, а преработеното месо како канцерогено за луѓето. По темелно разгледување на
Go toTop