Средби на Муцунски со колегата од Естонија Маргус Цахкна и министерката за меѓународна соработка на ОАЕ, Реем Ал Хашиму

September 25, 2024
1 min read

На вториот ден од 79. Генерално собрание на Обединетите Нации, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари две одвоени средби со шефот на дипломатијата на Естонија, Маргус Цахкна и со министерката за меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати, Реем Ал Хашиму.

Како што соопшти МНР, на средбата со министерот Цахкна, биле потврдени одличните билатерални односи и волјата на двете страни за продлабочување на соработката.

-Беше потенциран и заедничкиот интерес за интензивирање на заемните односи, со посебен акцент во областа на економијата, трговската размена, дигитализација и современите технологии. Истовремено, беа нагласени и партнерскиот однос и соработката во рамки на НАТО Алијансата, како и во процесот на нашето пристапување во Европската Унија, се наведува во соопштението.

МНР

Во рамките на средбата со министерката на Обединетите Арапски Емирати, Ал Хашиму, пак, бил констатиран досегашниот развој на пријателските односи меѓу двете земји, а биле поздравени и економските односи и соработката на мултилатерален план.

-Соговорниците разговараа и за можностите на унапредување на договорната рамка, како и соработката на полето на културата и образованието. Воедно, беа разменети мислења и за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните меѓународни прашања и регионални теми, наведуваат од МНР.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Врвот на поплавниот бран на Дунав стигна до Хрватска

Следно

Лимани до младите: Нашите врати се отворени за вас, ајде заедно да ги креираме младинските политики

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред
Go toTop