Средба Тошковски – Рокас: ЕУ со силна поддршка во реформите и креирањето на модерна и професионална полиција

October 8, 2024
1 min read

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оствари работна средба со новоназначениот амбасадор на ЕУ во Република Северна Македонија, Н.Е. Микалис Рокас.

Министерот Тошковски упати честитки до амбасадорот за назначувањето на новата функција и изрази уверување дека одличната соработка и пријателските односи ќе продолжат како и со сите досегашни амбасадори на ЕУ во земјата.

„Европската унија е наш најзначаен партнер со поддршка преку структурните фондови, ИПА проектите и последно, преку Планот за раст, земјава може да напредува и во оваа последна фаза на нашиот пат кон целосна европска интеграција. Солидарноста летово ја видовме на дело. Благодарност до ЕУ и нејзините земји членки за асистенцијата која ни ја дадоа во справувањето со пожарите кои ја погодија земјава летово, без нивна помош, загубите и штетите по државата ќе беа непроценливи.“, потенцираше министерот Тошковски.

Амбасадорот Михалис Рокас ги нагласи актуелните проекти и поддршката што ја добиваме од страна на ЕУ во дел на јакнење на капацитетите на МВР, посебно во делот на илегалната миграција, борбата со организираниот криминал и високата корупција и ги подвлече предизвиците на кои треба да се фокусираме за доближување кон европските стандарди. Рокас ја изрази својата поддршка кон реформските процеси и приоритетите на министерството во борба со организираниот и сите видови криминал и корупција и обезбедување на безбедноста на сите граѓани и општеството од страна на МВР. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВО КИНА ЌЕ ИГРААТ СИТЕ ФИЛМОВИ НА МИЛЧО МАНЧЕВСКИ

Следно

До петок променливо време, за викендот стабилно и топло

Latest from Blog

Кина е подготвена да соработува со Русија за надминување на тензиите на Блискиот Исток

Ванг, кој е и член на Политбирото на Комунистичката партија на Кина, го кажа ова во телефонски разговор со својот руски колега Сергеј Лавров. Кинескиот министер за надворешни работи смета дека клучот

Владина реконструкција во мај или јуни

Да се стрпиме неколку недели или месеци и додека не бидам сигурен во она што го зборувам, нема да кажам ниту име, ниту процес, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на

Овиедо ја доби битката на дното на Примера

Со голот на Винас, тимот на Овиедо ибаку последнопласиран на табелата во Примера направи подвиг на свој терен и ја совлада Севиља со минимални 1:0. Голот беше постигнат во 32. минута, а
Go toTop