Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан

July 26, 2025
1 min read

На маргините на состанокот на Балканската платформа за мир, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Истанбул оствари средба со својот турски колега, министерот за надворешни работи, Хакан Фидан.

На средбата се разговараше за унапредување на билатералните политички односи, зајакнување на економската соработка и искористување на инвестициските можности. Соговорниците се осврнаа и на продлабочување на соработката во други области од заемен интерес.

Двајцата министри го потврдија силното пријателство меѓу двете држави, тесната соработка во рамките на НАТО, како и заемната поддршка во мултилатералните организации. Разговорите опфатија и актуелни регионални и геополитички прашања, со акцент на важноста од стабилен и просперитетен Балкан.

Средбата се одржа во рамки на првиот состанок на Балканската платформа за мир, иницирана од министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи до Муцунски: Оваа Влада влече неразумни потези спротивни на интересите на државата и на граѓаните

Следно

24 разговор со Грчев и Гаревски: Скопје 62 години по земјотресот

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop