Средба на кинескиот и американскиот претседател наредната недела во САД

November 10, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Ѓинпинг ќе остварат средба следната недела, објави денес Белата куќа, јавува Анадолу.

Портпаролката Карин Жан-Пјер соопшти дека средбата ќе се одржи на 15 ноември во Сан Франциско, Соединетите Американски Држави.

„Двајцата лидери ќе разговараат за прашањата поврзани со билатералните односи САД – НР Кина (Народна Република Кина), за континуираното значење на одржување отворени линии на комуникација, како и за низа регионални и глобални прашања“, истакна таа.

Си Ѓинпинг ќе престојува во посета на САД од 14 до 17 ноември за да присуствува на 30. Самит за Азиско-пацифичката економска соработка.

„Надоврзувајќи се на нивната последна средба во ноември 2022 година на Бали, Индонезија, двајцата лидери ќе разговараат и за тоа како Соединетите Американски Држави и НР Кина да продолжат одговорно да менаџираат со конкуренцијата и да работат заедно онаму каде што се усогласуваат нашите интереси, а особено во транснационалните предизвици кои влијаат на меѓународната заедница“, нагласи Жан-Пјер.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обвинителство изврши преквалификација за „Трезор“, судењето одложено за 24 ноември

Следно

Костадиновска-Стојчевска од Париз: Мојата земја го има благословот Охридски Регион, препознаен и високо вреднуван од УНЕСКО

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop