Средба на Гаши со претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Перестрело

April 4, 2025
1 min read

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, попладнево оствари средба со Маркос Перестрело, претседател на Парламентарното собрание на НАТО, кој е во посета на Скопје пред утрешниот состанок на Постојаниот комитет на ПС на НАТО, кој годинава заседава во Собранието на РСМ. 

Гаши, како што информираат од неговиот Кабинет, изразил задоволство што средбата се реализира токму на Денот на НАТО, односно кога се одбележува 76-годишнината на Алијансата. Тој посочи и дека Северна Македонија минатата недела одбележа мал јубилеј, односно пет години од полноправното членство во НАТО, што симболизира и петгодишна целосна посветеност на евроатлантските вредности и вложување во нашите воени капацитети.

На средбата, се вели во соопштението, Гаши и Перестрело размениле мислења и за значењето на парламентарната димензија на НАТО. Во тој контекст било посочено дека ПС на НАТО, исто така, одбележува јубилеј – 70 години постоење, што ќе биде соодветно одбележано на Самитот на Алијансата во Брисел, во јуни.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германска министерка кришум дошла во Република Српска, Додик ја повика полицијата да ја „испрати“

Следно

Средба Тошковски – Ходулин: Интензивна поддршка од ЕУ преку ИПА проектите за креирање полиција со европски стандарди

Latest from Blog

Хоџа: Преку партнерство со ЕУ до посилна заштита на природното богатство

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, при што беше потврдена заедничката заложба за заштита и одржлив развој

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,
Go toTop