Средба Муцунски-Рубио: Се согласивме за важноста од натамошно интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво

April 3, 2025
1 min read

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска во Брисел, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, оствари кратка, но продуктивна средба со американскиот државен секретар, Марко Рубио. Станува збор за нивна прва средба по неодамнешното именување на Рубио на оваа функција.

На средбата беа разменети мислења за актуелни прашања од заеднички интерес, како и за соработката на билатерално ниво и во рамките на НАТО Алијансата.

„Се согласивме за важноста од натамошно интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво. Следуваат многу заеднички иницијативи“, напиша министерот Муцунски во своите објави на социјалните мрежи.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пратениците без расправа го усвоија Годишниот извештај на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 2024

Следно

Министерот за надворешни работи на Туркије Фидан се сретна со украинскиот министер за надворешни работи Сибиха

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop