Средба Муцунски-Герапетритис

July 23, 2025
1 min read

Грција го отвора прашањето за неспроведување на Преспанскиот договор од македонска страна. Забелешките се нотирани на средбата во Атина помеѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговиот колега Јоргос Герапетритис.

Атина изразила загриженост поради зачестената употреба на името Македонија без „Северна“ од страна на претседателката Гордана Силјановска-Давкова и министрите, објавија грчките медиуми.

„Би сакал повторно да ја нагласам поддршката на Грција за напредокот на на Северна Македонија на нејзиниот европски пат, заснован на воспоставените  условености и принципот на сопствени заслуги, со посебен акцент на фундаменталните вредности. Во тој контекст, дозволете ми да ја подвлечам крајната важност на целосната, доследна и искрена имплементација на Договорот од Преспа, вклучително и употребата на уставното име на државата од страна на нејзините институции“, вели Јоргос Герапетритис.

Министерот Муцунски рече дека на средбата ја нагласиле важноста на меѓународното јавно право и обврските кои ги имаме преземено – бидејќи взаемната почит е темелот врз кој се гради трајната соработка. А во фокусот  биле и безбедноста, билатералната соработка, економијата и инвестициите.

„Ја изразив мојата благодарност за цврстата поддршка од Грција за нашиот европски пат и нејзината трајна улога во промовирањето на европската иднина на Западен Балкан.Тоа партнерство не само што го цениме – го сметаме за суштинско. Се фокусиравме и на конкретниот напредок кој носи резултати за нашите граѓани – инвестиции, трговија, инфраструктура, енергија. Разговаравме за проекти како Коридор 10 и гасниот интерконектор“, вели Тимчо Муцунски.

Муцунски се заблагодари на грчкиот колега за солидарноста што Грција ја покажа за време на трагедијата во Кочани и неодамнешните пожари близина на Дојран. „Тоа не беа само гестови на помош – туку вистински дела на пријателство“- рече Муцунски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИФФК „Браќа Манаки“ 2025 од 20-26 септември: Семих Капланоглу е добитник на Специјална камера 300

Следно

Штипска Брегалница од денеска има турски сопственик

Latest from Blog

Што разговараа Вучиќ и Орбан во сабота наутро?

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, разговараше по телефон со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. – Со Виктор Орбан разговарав за моменталната состојба во однос на енергетската безбедност, како и за следните

Земјотрес ноќеска ја стресе Македонија, еве каде бил епицентарот

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва во 03 часот и 18 минути регистрира земјотрес чии

Во 21 век во Лерин (Флорина) Македонците можат да свират, но не и да пеат

ПРЕСПАНСКАТА СПОГОДБА ВАЖИ САМО ЗА „ВТОРАТА СТРАНА“, ГРЦИЈА НЕ ЈА ПОЧИТУВА Локалните власти во Лерин, на чело со градоначалникот, забранија да се пеат македонски песни: грчката цензура е спротивна на европските и
Go toTop