Средба Лавров-Фидан: „Ќе се вратиме на договорот за жито кога ќе бидат исполнети нашите услови од договорот со ОН

August 31, 2023
1 min read

МОСКВА (АА)

Во посета на Москва пристигна шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан. Негов домаќин е министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Двајцата министри остварија состанок, по кој одржаа заедничка прес-конференција, известува Анадолу.

Министер Лавров во своето обраќање пред новинарите, осврнувајќи се на надворешната политика на Туркије, го рече следното „И покрај сомнителните иницијативи на западните земји, ние ја цениме надворешната политика на Туркије“.

Во врска со актуелните политички прашања, Лавров рече дека со турскиот министер Фидан разговарал за ситуацијата во Украина и ја објаснил невозможноста за спроведување на мировната формула на Зеленски.

Лавров за Иницијативата за транспортот на жито по Црното Море рече дека Западот не го одржал зборот во врска со извозот на руското жито и додаде: „Ќе се вратиме на договорот за жито кога ќе бидат исполнети нашите услови во пакет-договорот подготвен со ОН“.

Во врска со билатералните и економските прашања меѓу двете земји, Лавров рече дека Москва е подготвена да ја зголеми испораката на гас за Туркије, вклучувајќи и воспоставување на центар за дистрибуција на гасот во земјата.

– Фидан: Иницијатива за црноморско жито е од исклучителна важност

Во своето обраќање, турскиот министер за надворешни работи Фидан, се осврна на прашањето за Црноморската иницијатива за транспорт на жито и го рече следното:

„Со придонес на нашата земја, ОН подготвија нов пакет предлози за кои сметаме дека претставуваат соодветна основа за повторно заживување на иницијативата“.

Тој рече дека Туркије ќе ја продолжи својата дипломатска активност во врска со иницијатива за црноморско жито, и истакна дека овој договорот е од исклучителна важност, како за светската безбедност на храната, така и за стабилноста и мирот на Црното Море“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грчката крајбрежна служба во шест случаи спасила над 200 бегалци и мигранти

Следно

Активисти ги бранат измените на Законот за извршители – Ибраимовски: Извршители ги оштетуваат граѓаните 10-15 пати повеќе од долгот

Latest from Blog

Божиновска и KfW разговараа за проекти кои ја зајакнуваат енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со новата раководителка на одделот за енергетика за Европа и Кавказ во KfW, Бабет Штајн вон Камиенски. KfW е еден од

Иран нападна цели во соседните земји

Фабриката беше нападната и вчера, што исто така предизвика пожари. Кувајт соопшти дека пожарникарите денеска се обидуваат да ги локализираат пожарите и дека немало жртви во нападот. Мина ал-Ахмади може да преработува

50 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА „ВРСКИ“ ВО СУД: JO поднесе обвинение против директорот на Државниот инспекторат за земјоделие Васе Анакиев

По спроведена сеопфатна истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело –

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана со честитка за Рамазан Бајрам: Порака за мир, почит и заедништво

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана упати честитка до сите верници од исламска вероисповед по повод големиот празник Рамазан Бајрам, испраќајќи пораки за мир, толеранција и меѓусебно разбирање. Во честитката, од друштвото истакнуваат
Go toTop