Средба Јанев – Васиљевиќ: Ги дефинираме контурите на идната меѓусебна стратешка и оперативна полициска соработка

December 13, 2024
1 min read

Директорот на БЈБ, Александар Јанев и в.д. директорот на полиција на Република Србија, Драган Васиљевиќ на денешната билатерална средба ги дефинирале контурите на идната меѓусебна стратешка и оперативна полициска соработка, која ќе се интензивира континуирано, првенствено во делот на прекуграничната соработка и завршување на финалната фаза за воспоставување на one-stop-shop на граничниот премин Табановце-Прешево, се со цел непречен проток на патници и возила.

Како што соопшти МВР, била иницирана соработка за воспоставување на заеднички мото-патролни пунктови долж рутата која поминува низ нашите држави, како и продолжување на упатувањето на полициски службеници за поддршка во текот на летните сезони.

Јанев и Васиљевиќ оствариле посета на Командно-оперативниот центар кој е организациски поставен во Управата за полиција, со цел размена на искуства за неопходните стандардни оперативни процедури за постапување и 24 часовно присуство на претставници од сите релевантни служби.

Од страна на српските колеги, како што соопшти МВР, било презентирано иновативно решение за е-полициска станица, која функционира без присуство на полициски службеници, а нуди одредени услуги за пријава на кривични дела и прекршоци, како и одредени граѓански постапки за издавање на лични документи.

Во рамки на Центарот за обука на полициски службеници, оперативно-тактичкиот тим во рамки на Одделот за борба против организиран криминал прикажал кратка тактичко-показна вежба и капацитетите за лишување од слобода на високо ризични сторители на кривични дела.

На крајот на посетата, бил донесен заеднички заклучок за иницирање на редовни средби помеѓу релевантните служби на сите нивоа пред се во заедничка размена на искуства, информации за појави, реални закани, начини на нивно превенирање и сузбивање, спроведување на заеднички обуки за полициските службеници за разни области од полициското постапување.

-Работиме интензивно за намалување на бирократските процедури во полза на ефикасната и ефективната секојдневна полициска соработка, бидејќи колективната безбедност на граѓаните е нашата мисија, велат од МВР.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Белгија

Следно

Вооруженото крило на Хамас соопшти дека заробило 3 израелски беспилотни летала во Газа

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop