Средба Ердоган – Силва на Самитот на Г7: „Притисокот врз Израел мора да биде засилен“

June 15, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, вчера се состана со претседателот на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, на маргините на Самитот на Г7, известува Анадолу.

Дирекцијата за комуникации на турското претседателство соопшти дека двајцата лидери разговарале за односите меѓу Туркије и Бразил, за израелските злосторства во Газа и што во моментов треба да се стори за да се запрат злосторствата во палестинската енклава.

Посочувајќи дека Тел Авив во последно време станал сѐ поизолиран, Ердоган истакнал дека притисокот врз Израел мора да биде засилен и постојан за да се стави крај на угнетувањето.

Самитот на лидерите на Г7 се одржува во Борго Егнација (Фасано) во Апулија, од 13 до 15 јуни.

Повеќе од 37.300 Палестинци се убиени во израелската брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници од 7. октомври минатата година, соопшти вчера Министерството за зддравство на опколената палестинска енклава.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од милион раселени Палестинци побараа засолниште.

На 10 јуни Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) усвои резолуцијата за прекин на огнот во Газа, со која се бара поддршка за предлогот објавен од американскиот претседател Џо Бајден составен од три фази и предвидува итен прекин на огнот во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пукање во супермаркет во Грција, има жртва

Следно

Американските сили нападнаа цели на јеменските бунтовници Хути

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop