„Србија против насилството“ втора ноќ на протест за поништување на изборите: Ќе го признаевме поразот ако загубевме но, тука имаше кражба

December 19, 2023
1 min read

На присутните пред РИК им се обрати носителот на листата „Србија против насилството“ Мирослав Алексиќ, кој рече дека изборите се украдени и дека никој од властите не смее да се изјасни бидејќи „го чекаат сигналот на Александар Вучиќ“

Поддржувачите на опозициската листа „Србија против насилството“ (СПН) втора ноќ протестираат пред Републичката изборна комисија (РИК) во центарот на Белград поради нерегуларности на изборите, пред се поради големиот број гласачи од Република Српска.

На демонстрантите, кои бараат поништување на изборите за град Белград, им се придружија и потписниците на ПроГлас, иницијатива на јавни личности, кои пред изборите повикаа да се излезе на гласање.

Мариника Тепиќ и Мирослав Алексиќ, носителите на оваа листа на републичките избори, штрајкуваат со глад во РИК до поништување на изборите.

На присутните пред РИК им се обрати носителот на листата „Србија против насилството“ Мирослав Алексиќ, кој рече дека изборите се украдени и дека никој од властите не смее да се изјасни бидејќи „го чекаат сигналот на Александар Вучиќ“.

Тој додаде дека институциите, полицијата, обвинителството и РИК, се заробени и молчат.

„До МВР поднесов 25 барања за изборни кражби и нерегуларности, а тие не одговорија на ниту едно. И тие знаат се, едноставно не смеат да реагираат поради Вучиќ“,

изјави Алексиќ.

Тој истакна дека во Белград биле донесени 42 000 лица да гласаат на локални избори.

„Ќе го признаевме поразот, ако загубевме. Но, тука имаше кражба, луѓе кои не беа од Белград дојдоа да гласаат за локални избори. Според нашите информации, донесени се 42 000 лица. И покрај тоа, опозицијата победи, ако се соберат сите опозициски листи, вклучително и оние од власта. Крадеа низ цела Србија, но најмногу во Белград и затоа реагираме овде. Изборите мора да се поништат, да се одржат нови избори во различни околности, а потоа ќе ги признаеме резултатите“,

нагласи Алексиќ.

Тој ги повика сите опозициски партии да се приклучат на протестот, како што наведе, „за да го зачуваат изборниот процес“.

РТС одговори на барањето на Мариника Тепиќ за присуство на јавниот сервис, каде кажа дека „бараат поништување на изборите, поради изборната кражба, организирана од СНС и Александар Вучиќ, кој организираше увоз на гласачи од друга држава, за да ги решат изборите во Белград.“

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Тоа не е мој проект, туку на ВМРО-ДПМНЕ“ – Јакимовски: Неподдршката на Алумина е чиста политика

Следно

Владата пренамени 32,5 милиони евра за 66 проекти во 44 општини

Latest from Blog

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.
Go toTop