Србија не извезува воена опрема за Украина, тврди Дачиќ

March 3, 2023
1 min read

„Србија, а јас можам да го тврдам тоа бидејќи моето министерство дава дозвола за извоз, не извезува воена опрема во ниту една земја за која веруваме дека би била проблематична и спорна на кој било начин“, изјави Дачиќ откако во неколку руски медиуми и на каналите на руската социјална мрежа Телеграм неделава се појавија непроверени тврдења дека Србија испорачала 3 500 ракети од системот „Град“ во Украина преку Турција и Словачка

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека од почетокот на војната во Украина од Србија не е извезено оружје за ниту една од страните во конфликтот. 

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Изјавата на Дачиќ доаѓа откако во неколку руски медиуми и на каналите на руската социјална мрежа Телеграм се појавија непроверени тврдења дека Србија испорачала 3 500 ракети од системот „Град“ во Украина преку Турција и Словачка.  

Ракетите наводно биле од фабриката „Крушик“ во Ваљево. По објавите на руските медиуми вчера реагираше и портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова. 

„Србија, а јас можам да го тврдам тоа бидејќи моето министерство дава дозвола за извоз, не извезува воена опрема во ниту една земја за која веруваме дека би била проблематична и спорна на кој било начин“,

изјави Дачиќ за новинарите, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ). 

Вчера, Москва преку изјава на портпаролката на руското МНР побара од Белград официјален став за информацијата дека српско оружје ѝ е доставено на Украина. Истиот ден, српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ уште еднаш ги негираше неофицијалните наводи дека Србија продавала оружје на завојуваните страни во Украина. 

На 27 февруари компанијата „Крушик“ од Ваљево објави дека на ниту еден начин не е поврзана со продажба на проектили на крајниот корисник од Украина. 

Инаку, рускиот портал „Маш“ неделава објави дека наводно пратките со ракети од 120 милиметри летале од Србија за Турција. Според порталот ракетите транзитирале преку Турција со посредство на турска компанија. Преку неа пратките отишле во Словачка, а потоа наводно во Украина. 

Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ, на 27 февруари во Народното собрание изјави дека Србија не извезува оружје во Украина. 

 „Дали приватните компании купуваат на трети пазари и продаваат на компании во некои други земји, не е прашање за Србија“,

изјави Вучевиќ, одговарајќи на прашање на пратеник од опозицијата во српскиот парламент.  

Инаку, БМ-21 Град е советски повеќецевен ракетен систем од 122 милиметри кој датира од 1960-тите. Специјализираните портали за воени прашања наведуваат дека и денес се користи во воени конфликти, вклучително и во Украина. 

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Вечерва во 360°: Како се станува судија или обвинител во Македонија – по заслуги или со врски?

Следно

Борел: ЕУ ги осудува „срамните судења“ на белоруските активисти

Latest from Blog

ВЛЕН: Универзитетот „Мајка Тереза“ добива нови можности за развој

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека со усвојувањето на измените и дополнувањата на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Собранието се отвора ново поглавје во развојот на јавниот универзитет на албански јазик. Од ВЛЕН

Боатенг: Ако Роналдо е тимски играч ќе се тргне и ќе ги остави младите да блеснат

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) Поранешниот играч од средниот ред на Милан, Кевин-Принс Боатенг, зборуваше за Кристијано Роналдо по настапот на напаѓачот на португалската репрезентација на натпреварот од Светското првенство во 2026

Четврта фаза од дезинсекцијата против комарци во Скопје

Во доцните вечерни часови, сѐ до рано наутро, беше реализирана четвртата фаза од дезинсекцијата против комарци, од земја, на подрачјето на градот Скопје, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. „Ова е важна превентивна мерка

Швајцарија се разигра, Босна се распадна (ВИДЕО)

Наместо уште еден херојски момент на репрезентацијата на Босна на овој Мундијал, вечерва добивме показна вежба за тоа како се користат противничките грешки од страна на репрезенатцијата на Швајцарија. Конечниот резултат на
Go toTop