Спречен терористички напад на катедралата во Келн, планирале да активираат автомобил полн со експлозив за новогодишната ноќ

December 31, 2023
1 min read

Локалните германски медиуми пишуваат дека нападот требало да биде извршен со автомобил полн со експлозив. Полицијата во Келн на денешната прес-конференција соопшти дека била претресена подземната гаража на катедралата и дека биле ангажирани кучиња за откривање експлозив, но ништо не било пронајдено

Уште три лица се приведени денеска поради пријавена закана за напад на катедралата во Келн за време на празниците, соопштија германските власти, пренесуваат српските медиуми.

Апсењата доаѓаат само неколку дена откако 30-годишен Таџикистанец беше уапсен во врска со планираниот напад на светски познатата катедрала.

Фото: Твитер

Осомничените биле приведени во западните градови Дуизбург, Херне и Дирен во сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, а биле претресени и нивните станови. Не се соопштуваат детали за нивниот идентитет.

„Сите уапсени осомничени, вклучително и еден Таџикистанец кој беше уапсен минатата недела, се смета дека припаѓаат на поширока мрежа, која вклучува луѓе низ Германија и други европски земји“,

рече началникот на полицијата во Келн, Јоханес Херманс.

Локалните германски медиуми пишуваат дека нападот требало да биде извршен со автомобил полн со експлозив. Полицијата во Келн на денешната прес-конференција соопшти дека била претресена подземната гаража на катедралата и дека биле ангажирани кучиња за откривање експлозив, но ништо не било пронајдено.

Од рано наутро и влезот и излезот од подземната гаража се проверуваат за потенцијално сомнителни активности.

Министерот за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија Херберт Реул последните апсења ги прогласи за успешни.

„Исламските екстремисти отсекогаш биле активни, но моментално се поактивни од вообичаено, а католичката катедрала била нивна главна цел“,

рече Реул.

Непосредно пред Божиќ полицијата добила информација за планиран напад на катедралата во Келн, а нападот требало да биде извршен на Нова година.

Светски познатата градска катедрала веќе една недела е под високо обезбедување.

Вообичаено последната недела од годината катедралата ја посетуваат повеќе од 100 000 туристи.

Во последните денови, само на верниците им беше дозволено да влезат во зградата на миса, но мораа да поминат низ темелна безбедносна проверка со кучиња трагачи.

Околу илјада полицајци вечерва дежураат околу соборниот храм додека граѓаните ја чекаат Новата година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Младата Македонка Теона е светски хит: Зборува англиски на 10 различни акценти

Следно

Запленети 21 524 пиротехнички средства на Бит-пазар, приведено едно лице

Latest from Blog

Општина Битола со поддршка од Владата ги подобрува локалните патишта

Општина Битола во тековната година освен своите програми, ќе реализира и проекти одобрени од вториот повик на Владата за изградба и реконструкции на патишта во населените места во општината. Изградба на коловоз

Општина Битола со апел до сопствениците на напуштени и небезбедни објекти

Општина Битола испрати писмено известување до 24 сопственици на куќи кои претставуваат потенцијална опасност од рушење или паѓање на делови од куќа врз коловоз или тротоар во градот. Од Општина Битола очекуваат

Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови, во фаза на градба се 26.522

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159

Карик: Никој не може да гарантира дека ќе победиме и на следниот натпревар

фото: Manchester Utd (X) Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не верува дека победите на фудбалските натпревари можат да бидат загарантирани. „Црвените ѓаволи“ претходно ја обезбедија својата четврта последователна победа, победувајќи го

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи
Go toTop