Специјалниот известувач на ООН, Леврат: Инструментализацијата на малцинствата во Албанија од страна на Бугарија претставува сериозна закана за човековите права и безбедноста

December 30, 2025
1 min read

Специјалниот известувач на Обединетите нации за малцински прашања, проф. Николас Леврат, обраќајќи се на Форумот за малцински прашања во седиштето на ОН во Женева, во рамки на официјалната сесија организирана од неговиот мандат, даде јасен и принципиелен одговор на излагањето на Васил Стерјовски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), посветено на положбата на македонската заедница во Албанија, објави весникот „Македониум“.

Во своето обраќање, истакнал дека му било особено значајно нагласувањето дека Македонците во Албанија, отсекогаш биле мирољубиви и лојални на државата Албанија, нагласувајќи дека ваквите сомнежи за лојалноста на малцинствата се честа и погрешна појава во многу држави.

Тој потенцирал дека зад легитимните барања за јазик, култура и идентитет не смее да се гледа скриена политичка агенда, нагласувајќи дека „ова е прашање на човекови права, а не прашање на лојалност кон државата“.

Посебен акцент во своето излагање Специјалниот известувач ставил на мешањето на соседни држави во малцинските прашања, при што директно се осврнал,на случајот со Бугарија и обидите за инструментализација на малцинствата во Албанија, Истакнувајќи дека во „такви ситуации малцинските прашања ја надминуваат рамката на човековите права и стануваат прашање на меѓународен мир и безбедност“.

„Токму поради вакви појави уште во времето на Друштвото на народите бил воспоставен систем за меѓународна заштита на националните малцинства, со цел да се спречат интервенции на соседни држави во внатрешните работи на суверени држави под изговор на „заштита“ на малцинствата, рекол тој.

Нагласил дека злоупотребата на малцинските прашања како политички инструмент може да доведе и до сериозна внатрешна дестабилизација на државите, но и до загрозување на регионалната и меѓународната безбедност, наведувајќи дека ваквите практики, за жал, се користеле и како оправдување во современи конфликти, со јасни последици врз мирот и стабилноста.

Во тој контекст, Специјалниот известувач оценил дека оваа безбедносна димензија на малцинските прашања е тема на која активно работи и која ќе биде предмет на неговите извештаи до Генералното собрание на ОН, Советот за безбедност и земјите членки.

На крајот од своето обраќање, тој ја истакна улогата на Советот на Европа како најсоодветен институционален механизам за унапредување и заштита на малцинските права, потсетувајќи дека Албанија е потписничка на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и дека постојат јасни и функционални европски механизми за справување со ваквите прашања.

Во своето обраќање пред Форумот, Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ,   рекол дека македонската заедница во Албанија е автохтона, мирољубива и конструктивна, но соочена со системски предизвици во областа на образованието, политичката застапеност, медиумската видливост и економскиот развој.

Тој особено укажа на политичкиот притисок од страна на Бугарија, која, според него, преку својата позиција во Европската унија врши обиди за асимилација на Македонците во Албанија, вклучително и преку мешање во внатрешните процеси на земјата и влијание врз процеси како пописот на населението.

„Нашата цел не е конфронтација, туку еднакви права, достоинство и вистинска заштита на македонската заедница во согласност со меѓународните стандарди“, порачал Стерјовски

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН бара отчетност за трошоците во Општина Гостивар

Следно

Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5

Latest from Blog

Следниот круг преговори за војната во Украина ќе се одржи на 17 и 18 февруари во Женева

Во меѓувреме, советникот на украинскиот претседател за комуникации, Дмитро Литвин, изјави дека следниот круг преговори со Русија и САД ќе се одржат на 17 и 18 февруари во Женева. Преговорите во Женева

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто

ВЛЕН: Намалувањето на царините со САД отвора нова ера на слободна трговија и економски раст

Коалицијата ВЛЕН оцени дека договорот меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави за меѓусебна трговска и енергетска соработка претставува историски чекор кој го зајакнува стратешкото партнерство и отвора нови можности за економски

Тудор на клупата на Тотенхем!

ФОТО: Инстаграм “Бомба“ на Островот. Хрватот Игор Тудор ќе стане нов менаџер на Тотенхем. Сите најдоверливи експерти за трансфери, вклучувајќи ги Фабрицио Романо, Давид Орнштајн и Џанлука Ди Марци, потврдија дека Тудор
Go toTop