Спасувачки акции на Шара – еден планинар колабирал, други пет се изгубиле!

February 2, 2025
1 min read

Центарот за управување со кризи (ЦУК) доби информација од фирмата „Ескимо Фрирајд“ дека во сабота бил спасен еден (1) планинар што опасно колабирал на високите места кај Титов Врв на Шар Планина, а во неделава спасиле и извлекле во истиот планински предел загубени, во густа магла, пет (5) планинари, коишто се искачиле при сончево време, но кога почнале да се спуштаат, и ги поклопила густа магла при брза метеоролошка промена на времето, па се изгубиле.

Ваквите настани, спасувања при животозакрозувачки ситуации на повисоки планини во зимни услови и при повисок снег, поттикнуваат ЦУК да потсети и апелира до планинарите и посетителите на планините коишто се искачуваат на повисоките врвови в зима, да одат во групи, при што е пожелно да имаат планинарски водичи или искусни планинари со нив, а и да имаат превентивно минимални средства со нив за итни (кризни) персонални ситуации за нив. При тоа, од основно стратешко превентивно значење е да имаат мобилни телефони, а и други комуникациски уреди, потоа полни батерии за комуникациските уреди, а и дополнителни уреди за чување електрична енергија за дополнување на мобилните телефони и секако во кризна, односно животозагрозувачка ситуација да побараат брзо локација каде што има сигнал и интернет, за побрзо да се јават на 112 во ЦУК, при што по јавувањето на 112 е пожелно да не ја менуваат многу локацијата (бидејќи во момент на јавуањето се земени координатите за нивната местоположба) и да ги чекаат спасителите и да комуницираат по потреба со нив. Секако, и секогаш со себе е пожелно да имаат барем малку резерва храна и вода, а и некое дополнително парче топла облека и малу средства за палење оган зиме, односно при влажни услови.

Инаку, во сабота едниот (1) спасениот планинар, којшто колабрирал на високите места кај Титов Врв на Шар Планина, бил со група од 20 планинари од коишто 10 биле и многу уморни, па и тие биле превезени, односно биле вратени долу на безбедно, со ратрак на „Ескимо“. Според информациите, колабрираниот планинар би бил во многу голема опасност ако групата самостојно го извлекувала при студеното време, бидејќи извлекувањето на неподвижниот човек би траело повеќе часови и би имало опасност од хипотрермија. Во неделата, пак, времето од сончево, за многу кратко време, се променило околу Титов Врв и групата од пет (5) планинари била „поклопена“ од густа магла при што се изгубиле, иако биле и членови на планинарски клубови од Скопје и Куманово.

Според информациите, во својата 20-годишна работа при зимскиот туризам, со неколку возила „ратрак“ (возило со големи и широки „гасеници“ што може да оди по длабок снег и студени зимски услови) фирмата „Ескимо Фрирајд“ несебично интервенира според можностите во планината и за спасување и извлекување планинари, скијачи и посетители на Шар Планина, што според податоците во една сезона во просек спасувала и извлекувала од различни животозагрозувачки ситуации по околу 50-ина луѓе.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица: Уапсените фалсификувале евра и ги пуштале во промет!

Следно

Живковски: Со намалување на услугите на Катастарот, до милион евра ќе останат во џебот на граѓаните

Latest from Blog

Николоски и Караџов ќе потпишат договор за прекуграничен железнички тунел меѓу Македонија и Бугарија

На 6 ноември 2025 година, на железничката станица Ѓуешево, ќе биде потпишан Договорот за подготовка, изградба и работа на прекуграничен железнички тунел меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Договорот ќе го потпишат

Андоновски: Владата го поддржува развојот на електронската трговија – преку стратегии, интероперабилност и намалена бирократија

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните

81 година слободен Прилеп – Проданоски: Да го продолжиме патот на нашите херои со дела, не само со зборови

Прилеп со гордост го одбележа најсветлиот ден од својата историја – 3 ноември, Денот на ослободувањето, кога пред точно 81 година градот ја извојува својата конечна слобода. На свечената седница по тој
Go toTop