Спасовски: Таткото на Вања бил вклучен во нејзиното исчезнување – крајната цел била изнуда на пари од мајката

December 4, 2023
1 min read

„Како што веќе сте запознаени, мотивот е користољубие при што, според првичните сознанија, едно од лицата, во договор и со знаење на член од семејството, го организирало извршувањето на кривичното дело со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката, од што понатаму сите инволвирани би имале парична, односно материјална корист“, информира министерот за внатрешни работи

На денешната прес-конференција, исто така, беше соопштено и дека таткото на Вања негира дека е вклучен во дејствијата за кои е осомничен

Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, чие безживотно тело вчера беше пронајдено во околината на Скопје, индиректно бил вмешан во организирањето на киднапирањето на девојчето со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, според првичните сознанија од истрагата.

Од денешната прес-конференција на шефот на Јавното обвинителство и министерот за внатрешни работи / Фото: 360 степени

„Како што веќе сте запознаени, мотивот е користољубие при што, според првичните сознанија, едно од лицата во договор и со знаење на член од семејството го организирало извршувањето на кривичното дело со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката, од што понатаму сите инволвирани би имале парична, односно материјална корист“,

изјави Спасовски.

Во врска со втората жртва, 74-годишниот маж од Велес, за чие убиство се осомничени истите лица, Спасовски вели дека немал никаква директна врска со малолетната Вања.

„Но, поради нерасчистени односи со еден од осомничените, неговото возило е одземено и употребено при извршување на делото и потоа ова возило е пронајдено опожарено“,

додава Спасовски.

Токму со овој автомобил, вели министерот, е земена малолетничката, и тоа во влезот од зградата каде што живеела, откако претходно, според исказите на осомничените, таткото споделил информација со организаторот за денот и времето на нејзиното излегување од дома. Всушност, двајца од осмоничените рекле дека информацијата за тоа кога девојчето ќе го напушти само домот ја добиле од осомничениот кој е во бегство, кој, пак, им тврдел дека тоа го дознал од таткото на девојчето.

„Главниот организатор и извршител со пиштол на 27 ноември, според досегашните утврдени докази, некаде околу 10 часот, ја усмртил малолетничката исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започнатата истрага веднаш по првата пријава за тоа кривично дело“,

информира министерот.

Во врска со двата случаи, за 14-годишната Вања и за 74-годишниот велешанец, осомничени се пет лица. За тројца е определена мерка притвор, едно е надвор од државата, а петтото лице е таткото на девојчето. Со него, како што информира Спасовски, е извршен распит и понатаму ќе се преземаат мерки по насока на Обвинителството.

На денешната прес-конференција, исто така, беше соопштено и дека таткото на Вања негира дека е вклучен во дејствијата за кои е осомничен.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Путин побара по 8 деца од руските жени

Следно

Таравари: За АА прифатливи термини се крајот на април или почетокот на мај да се одржат парламентарните избори и вториот круг од претседателските избори

Latest from Blog

На опожареното складиште во Трубарево поставена е мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна

Бранислав Светозаревиќ ќе ја предводи советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави советничката листа за Општина Тетово, чиј носител ќе биде историчарот и архивист Бранислав Светозаревиќ Покорни. „За Тетово со чесност, визија и луѓе кои знаат што значи љубов кон татковината.

Коста Хиохи на чело на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга

Коста Хиохи, спортски визионер, професор и долгогодишен активист, ќе биде носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга за претстојните локални избори. „Горд сум што имам чест да предводам листа составена од

Меџити: Поставена мерна станица во Трубарево за 24-часовен мониторинг на воздухот

Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета

Папата Лав Четиринаесетти наполни 70 години

Официјална свеченост по повод роденденот на папата не е предвидена во Ватикан. Во својата традиционална неделна молитва Лав Четиринаесетти денеска му се заблагодари на Бог, на своите роднини и на сите кои
Go toTop