Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
-Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кога организираното македонско револуционерно движење, преку Илинден 1903, Крушевската Република и преку НОВ и АСНОМ, резултираше со создавање самостојна македонска држава. Продолжуваме по европскиот пат, во интерес на сите граѓани, за демократска и просперитетна Република Македонија, напиша Спасовски во честитката.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.