Спасовски: Буџетот за 2026 е насочен кон регионален развој и големи капитални проекти од суштинско значење за општините

November 16, 2025
1 min read

На вчерашната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Спасовски го оцени буџетот како исклучително развоен со силна социјална компонента. Тој истакна дека целта е забрзување на економскиот раст и спроведување  фискална консолидација преку зајакната финансиска дисциплина, воедно посочувајќи дека најголем двигател на растот ќе бидат бруто-инвестициите.

„Во 2026 година се очекуваат позитивни движења и економскиот раст да забрза за 3,8%, како резултат на растот на инвестициите и последователен пад на стапката на невработеност на историски најниско ниво од околу 10%, раст на пензиите и платите и солидно зголемување на приватната потрошувачка. Најголем придонес кон растот во 2026 година се очекува да имаат бруто инвестициите, преку реализација на големите инфраструктурни проекти, финансирани од државата, во патната и железничката инфраструктура, пред се Коридорите 8 и 10Д, како и проекти во енергетиката, земјоделието, образованието и здравството“, рече Спасовски.

Пратеникот Спасовски се осврна на неколку проекти кои се од клучно значење за развој на регионот и особено значајни за општина Крива Паланка, истакнувајќи дека со капиталните инвестиции во општините ќе се подобрат услови за живот на граѓаните.

„Дополнителен двигател на бруто инвестициите ќе биде поддршката на општините за реализација на капитални инвестиции со цел по рамномерен регионален развој и унапредување на животниот стандард на граѓаните. Значајна ставка во Предлог буџетот се капиталните расходи, каде капиталните проекти учествуваат со околу 9,8% од проектираниот буџет, односно се проектирани во износ од 660 милиони евра. Од овие средства ќе се реализираат инфраструктурни и енергетски проекти, капитални проекти од областа на сообраќајната, комуналната и локалната инфраструктура.  Ќе се финансира западниот дел од патниот Коридор 8, изградба на железницата како дел од Коридорот 8, каде што првата делница од Куманово до Бељаковце е пуштена во употреба, интензивно се работи на втората делница од Бељаковце до Крива Паланка за која се обезбедени средства и третата делница од Крива Паланка до Деве Баир“, рече Спасовски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денес го славиме Светиот свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски

Следно

Дневен хороскоп за Недела (16.11.2025)

Latest from Blog

Тоневски: Општина Пробиштип обезбеди бесплатни ортопедски прегледи за децата

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, информираше дека е потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општината и ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“, со кој се обезбедува значајна поддршка за најмладите во општината. Со

Ново партнерство со САД: Божиновска со меморандум за енергетска стабилност

Во рамки на официјалната посета на висока владина делегација на Соединетите Американски Држави, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска потпиша Меморандум за разбирање со САД за унапредување на безбедноста

Иранците излегоа на улиците и ги запалија знамињата на САД и на Израел

Снимките од местото на настанот покажаа запалени американски и израелски знамиња, вообичаена глетка на прорежимските митинзи во Иран. Други мавтаа со ирански знамиња и носеа фотографии од врховниот лидер на Иран Моџтаба

Симеоне до Гризман: Ти си човек достоен за восхит, те сакам многу

Диего Симеоне зборуваше пред првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу неговиот Атлетико Мадрид и Барселона. Двата тима се сретнаа пред неколку дена за време на викендот во натпревар од
Go toTop