Спасовски: Активисти на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник на Таравари дел од настаните со црквата во Галате

September 14, 2024
1 min read

Во интервју за Алсат М Телевизија, пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, прашан во врска врска со настаните околу црквата во гостиварско Галате, рече дека Таравари треба да седне со Мицкоски да поразговара и да се вразумат.

Спасовски покажа фотографии на кои се гледа дека активисти на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник на Таравари се дел од настаните.

– Ова е фотографија на инвеститорот, еден од поблиските соработници на господинот Таравари. Овде ќе видите уште едно момче кое е дел од раководството на локалниот клуб на ВМРО-ДПМНЕ, еден од учесниците на тие случувања кај црквата. Овде има уште една слика со раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се луѓето кои беа во Галате. Ова го кажувам само за да бидат разбиени тие лаги кои се пуштаат во јавноста дека некој друг нешто пушта. Така да господинот Таравари треба да си седне со коалициониот партнер, да поразговараат на оваа тема и да се вразумат,  рече Спасовски.

Пратеникот на СДСМ осуди секаков акт којшто носи до подгревање на етнички тензии, особено кога се работи за верски објект, повика на дијалог и институционално решение. 

– Сите ние треба да работиме меѓуетничките односи во државата да ги чуваме како најсвето. Оваа држава во која сите треба подеднакво да се чувствуваат, рече Спасовски, во интервју за Алсат М Телевизија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова и Радев согласни: Со добра волја, меѓусебна почит и разбирање може да се најде решение за отворените прашања

Следно

ИСТРАГАТА ЈА МЕРКА И САЊА ЛУКАРЕВСКА? Фирми на косовски државјани со измислени имиња во случајот „Крмзов“!

Latest from Blog

Манасиевски: Ристоска и Бубевски контролирале сè во СЈО, Јанева делела предмети по насока на Заев

Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви, додека Катица Јанева ги делела предметите на нејзините тимски играчи, од добиените

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и

Зимски услови на државните патишта: Намалена видливост на планинските премини, внимателно возење

Државните патишта се сè уште под влијание на зимските услови. На планинскиот превој меѓу селото Лисец и Попова Шапка се забележуваат мали остатоци од снег кои се задржани на коловозот, додека на

Битола со 500 илјади денари ќе поддржи проекти на граѓански здруженија и фондации

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2026 година. Распределбата на средствата за здруженијата/фондации од Буџетот
Go toTop