СОЗР утре со детали за новите таблички за службените возила, рокот за замена е до 15 септември

September 8, 2025
1 min read

Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември годинава да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Детали се очекуваат утре на прес-конференција што ја најавува Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Најавено е присуство на на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, како и директори на останати државни институции.

Одлуката за оваа новина беше донесена на владината седница на 29 јули.

– Целта на оваа мерка е јасна: зголемување на транспарентноста, отчетноста и воспоставување контрола во користењето на службените возила. Обележувањето на возилата ќе овозможи граѓаните лесно да ги разликуваат од приватните, со што ќе се спречи нивна злоупотреба за лични, приватни или партиски цели, појаснија тогаш од СОЗР.

Беше најавено дека ќе биде отворена и телефонска линија, каде граѓаните ќе можат да пријавуваат злоупотреба на службените автомобили. Се потенцираше дека секоја пријава ќе биде евидентирана и ќе се постапува согласно законските процедури.

Во завршна фаза е и изготвувањето на централен регистар за сите службени возила, што ќе обезбеди дополнителна контрола и увид во нивното користење.

– Со оваа одлука се исполнува уште едно клучно ветување – одговорно управување со државните ресурси и целосна отчетност кон јавноста. Државата испраќа јасна порака дека јавните ресурси се за јавна употреба, а не за лична корист. Преку воспоставување на систем за јавен увид и контрола, се поставуваат повисоки стандарди на интегритет и одговорност во работењето на сите институции, беше нагласено во соопштението од СОЗР.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити го претстави проектот што ќе го направи Чаир спортска престолнина

Следно

Најмалку 14 лица загинаа за време на протестите во Непал

Latest from Blog

Џин Симонс од групата „ KISS“: Музичарите во Америка се третираат полошо од робови (ВИДЕО)

Симонс сведочеше пред Подкомитетот за правосудство на Сенатот на САД во вторник (9 декември), силно поддржувајќи го Законот за музичка фер игра. Предлог-законот ќе бара од радиостаниците да лиценцираат песни на уметниците

НАТО се согласи за буџет од речиси три милијарди евра за 2026 година

Сојузниците на НАТО се согласија за нивните заеднички финансирани буџети за 2026 година, одобрувајќи зголемени трошоци насочени кон зајакнување на подготвеноста и воените капацитети на алијансата. Според договорот, цивилниот буџет на НАТО

Кошта по Самитот ЕУ-Западен Балкан: Европската Унија мора да ги исполни очекувањата што ги создава

Денешниот лидерски собир донесе јасна порака дека лидерите на ЕУ цврсто ја поддржуваат иднината на Западниот Балкан во Европската Унија, се наведува во писмената изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта
Go toTop