Создадена од револт, заврши на модна писта: Дали знаете како настанала тангата

August 22, 2025
1 min read

Целта на Руди Гернрајх не била да го сексуализира телото
со танга. Напротив. „Ослободувањето на телото ќе го излечи општеството од неговиот
сексуален комплекс“, рече Гернрајх.

Телото не било наменето да биде сексуализирано, туку
ослободено – тоа била идејата зад тангата. Тоа мало парче ткаенина го измислил
Руди Гернрајх, и како сè во неговиот живот, тоа била политичка порака.

Денес, тангите може да се видат насекаде: ѕиркаат од
панталони со низок струк како повторно да е 2008 година, блескаат под проѕирни
фустани за плажа или откриваат исончани задници на песокот. Можеме да му се
заблагодариме на оживувањето на нивната мода од 2000-тите, кога тие беа
неизбежен тренд. Сепак, малкумина знаат дека нивното создавање не било само за
мода, туку и за бунт против цензурата – а нивниот творец бил хомосексуалец.

„Голо лето“ и
забраната во Лос Анџелес

Во летото 1974 година, популарната плажа Венис во Лос
Анџелес се претворила во море од изложени тела. „Сите беа голи“, се сеќава
поранешен спасител во изјава за ЛА Тајмс. Како точно се случило тоа, никој не
знае, но се верува дека трендот на голотија бил поврзан со хипи движењето, чии
следбеници ја славеле слободата на изразување и фактот дека голотијата на
плажите сè уште не била експлицитно забранета, пишува Вечерњи.

Сепак, сонот за „голо лето“ не траел долго. Прво медиумите,
а потоа и полицијата. Кога капењето во топлес се појави во насловните страници,
властите во Лос Анџелес решија да воведат забрана.

Руди Гернрајх –
дизајнерот кој сакал да го ослободи телото

Оваа забрана директно го инспирирала Руди Гернрајх,
австриски дизајнер кој живеел во Лос Анџелес. Неговиот одговор бил – тангата.
Тој создал мало парче ткаенина, наменето и за мажи и за жени, кое покривало
само основни работи.

Но, неговата цел не била да го сексуализира телото.
Напротив. „Ослободувањето на телото ќе го излечи општеството од неговиот
сексуален комплекс“, рече Гернрајх. Ова не беше прв пат да ја користи модата за
да ги разбие табуата.

Подоцна призна дека искуството го обликувало:

„Морав да се насмеам кога луѓето ми кажуваа дека мојата
облека е толку фокусирана на телото, како да сум студирал анатомија. И тоа како
студирав анатомија“, рече тој во есеј објавен во „Книгата на Руди Гернрајх“ од
Пеги Мофит и Вилијам Клакстон.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дојава за бомба привремено ја одложи седницата на Собранието на Република Српска

Следно

Фото: Карлеуша во бикини, додека тој ѝ прави друштво

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова
Go toTop