Screenshot

Современа клучка кај Хиподром – приоритетен проект на Ѓорѓиевски за Скопје

October 13, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави изградба на нова сообраќајна клучка кај Хиподром, со која ќе се подобри протокот на возила и ќе се намалат метежите на источниот влез во главниот град.

„Ова е проект што директно ќе влијае на секојдневниот живот на скопјани. Новата клучка ќе овозможи побрз и побезбеден сообраќај, а со тоа и поквалитетен градски транспорт и подобро поврзување со околните општини“, изјави Ѓорѓиевски.

Според него, решението е дел од пошироката визија за модерна и функционална сообраќајна мрежа во Скопје, со акцент на одржливи и долгорочни инфраструктурни решенија.

 

Проектот, како што најави, ќе биде реализиран во фази и ќе вклучува современи решенија за пешаци, велосипедисти и јавен превоз, со цел да се намали загадувањето и времето на патување.

Видеото може да го погледнете тука

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ристовски најави современ спортски комплекс во Куманово – нов инфраструктурен проект на Министерството за спорт

Следно

Проданоски најави обновување на спортските игралишта во Точила

Latest from Blog

Николоски: Лагата на СДСМ за „мигранти за пари“ падна – Македонија добива стратешко партнерство со Британија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски изјави дека се распрснала, како што рече, лагата на СДСМ во врска со наводите за „мигранти за пари“, нагласувајќи дека Македонија има договор

САД и Еквадор бомбардираа камп на колумбиска криминална банда (ВИДЕО)

Американците ја нарекоа акцијата „смртоносна кинетичка операција“, додека Еквадорците објавија дека станува збор за „тотално истребување“. Under the leadership of President Trump and Secretary Hegseth, the Department is uniting partners across the

(ВИДЕО) Силен шамар за Филипче и СДС по целата хистерија што ја креираа

Британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, ги демантира тврдењата дека постои или дека постоел договор меѓу Лондон и Скопје за прифаќање мигранти. Во интервју за емисијата „Европат“ на ТВ 24, Лосон истакна
Go toTop