Современ спортски центар за младите во Општина Теарце

November 12, 2025
1 min read

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Теарце, Даут Мемиши, денеска го пуштија во употреба комплетно реконструираниот спортски центар во село Доброште.

Со оваа инфраструктурна инвестиција на Министерството за спорт, жителите на Доброште и околните населени места, а особено младите, добија современ, безбеден и функционален простор за спорт и рекреација.

Во рамките на спортскиот комплекс изградено е: фудбалско игралиште, кошаркарско игралиште со полипропиленски под и детско игралиште опремено со соодветни реквизити.

– Нашата цел и заложба е да обезбедиме услови за спорт и здрав живот во секоја општина, затоа што спортот мора да биде достапен за сите. Продолжуваме со реализација на проекти кои го унапредуваат спортот и ја подобруваат инфраструктурата низ целата држава – изјави министерот Борко Ристовски.

Овој проект е дел од програмата на Министерството за спорт за изградба и обнова на спортската инфраструктура и рамномерна распределба на инвестициите низ целата државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Државата им подготви вртоглави парични награди за плеј-оф, но тоа не е ништо ако одат на СП

Следно

Од 1300 македонски војници од Вардарскиот полк само петмина ја преживеале битката кај Костолачка Коса во Првата светска војна

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop