Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за зголемена и забрзана испорака на помош за Газа

December 22, 2023
1 min read

Текстот на резолуцијата за кој „воздржано“ гласаа САД и Русија, повикува на „безбедна и непречена испорака на хуманитарна помош за Газа“ и „создавање услови за одржлив прекин на непријателствата“, но не се повикува на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

По неколкудневни преговори, Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) денеска усвои резолуција со која се повикува на зголемена и забрзана испорака на хуманитарна помош за цивилите во Појасот Газа.

Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Текстот на резолуцијата повикува на „безбедна и непречена испорака на хуманитарна помош“. За брзо испорачување на помошта, резолуцијата, исто така, повикува и на „создавање услови за одржлив прекин на непријателствата“. Но, не се повикува на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Текстот на резолуцијата беше усвоен со 13 гласа „за“ и ниеден „против“. САД и Русија гласаа „воздржано“.

По гласањето, шефот на Обединетите нации, Антонио Гутереш рече дека вистинскиот проблем за напорите за помош на ОН е офанзивата на Израел, за која вели дека создала „масивни пречки“.

„Хуманитарниот прекин на огнот е единствениот начин да се започне задоволување на очајните потреби на луѓето во Газа и да се стави крај на нивниот тековен кошмар“,

додаде тој.

САД претходно гласаа против повиците за прекин на огнот во Појасот Газа на Генералното собрание на ОН, а ставија и вето на резолуцијата на Советот за безбедност која го вклучуваше зборот „прекин на огнот“ во текстот. Заменик-амбасадорот на САД во ОН, Роберт Вуд, тогаш пред Советот за безбедност изјави дека тоа е затоа што нацртот не ги спомнува нападите на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопје под сообраќајна блокада – од МВР велат надлежен за крстосниците е Град Скопје преку ЦУКС

Следно

Богоев не верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има мнозинство на изборите

Latest from Blog

Фондот на ПИОМ со одлука за зголемување на средствата за исплата на посмртнина

Управниот одбор на Фондот на ПИОМ ја одржа 28-та седница на која донесе повеќе одлуки од негова надлежност. Заменик претседателот на Одборот, Игор Китаноски, кој ја водеше седницата, најнапред му даде збор

Јувентус го убедува Тонали да се врати во Италија

Јувентус ќе направи се оваа зима да го донесе Сандро Тонали. Како што пишува весникот „Газета дело Спорт“ главниот тренер, Лучијано Спалети, е воодушевен од италијанскиот репрезентативец од средниот ред. Раководството на

Тоневски: Злетово добива модерно кошаркарско игралиште

Заврши асфалтирањето на кошаркарското игралиште во подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“ во Злетово. Со овој зафат е создадена основата за целосно уредување на спортскиот простор кој ќе биде наменет за учениците

Сиљановска Давкова: Национален консензус околу гаранциите, ЕУ мора да најде решение да не држи во кондиција

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека националниот консензис на кој повика во годишното обраќање во Собранието треба да се изгради околу гаранциите да нема нови условувања во процесoт на евроинтеграциите. – Консензус

Диди бара итно да биде пуштен од затвор: Моите постапки беа одвратни и срамни

Во поднесената жалба за забрзана постапка, адвокатот на рап-могулот тврди дека тој бил погрешно осуден и дека однесувањето што довело до пресудата не било кривично дело, објавува Би-Би-Си. „Незаконска и неуставна казна“
Go toTop