Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за хуманитарна пауза во Газа

November 16, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) усвои нацрт-резолуција со која се бара „итна и продолжена пауза“ во судирите во Газа, јавува Анадолу.

Нацрт-резолуцијата што ја поднесе Малта во СБОН изгласана е на итна седница.

Предлог-законот е прифатен со 12 гласа „за“ и 3 „воздржани“, од вкупно 15 членови.

Соединетите Американски Држави (САД), Русија и Велика Британија беа воздржани.

Од друга страна, Советот за безбедност го отфрли рускиот предлог-амандман наместо „хуманитарна пауза“ да се вклучи терминот прекин на огнот.

Со резолуцијата се бара „итна и продолжена пауза во судирите“ наместо хуманитарен прекин на огнот и воспоставување коридор во Појасот Газа во согласност со меѓународното хуманитарно право.

Во резолуцијата се наведува дека интервалите за кои станува збор треба да имаат „доволен број денови“ во согласност со меѓународното хуманитарно право и се повикува на непречен, брз и безбеден пристап на хуманитарната помош што ќе ја дадат ОН и нивните партнери.

Со одлука се бара ослободување на заложниците, а особено децата од рацете на Хамас и други групи, и прекин на блокадата во снабдувањето со основните потреби на цивилното население во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Вадење извод во Матично: Ќе биде другата недела „ако не падне зградата“

Следно

Бајден изјави дека и понатаму го смета кинескиот претседател Си Ѓинпинг за диктатор

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop