Советот за безбедност на ОН повторно го одложи гласањето за хуманитарна помош во Газа

December 22, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН/ЊУЈОРК (АА) – Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) синоќа по четврти пат оваа недела го одложи гласањето за нацрт-резолуцијата за хуманитарна помош за Појасот Газа, јавува Анадолу.

Се очекува 15-члениот Совет да се состане денес за да гласа за резолуцијата предложена од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) која повикува на „итни чекори“ за да се овозможи безбедно и непречено доставување помош за погодените цивили во Газа.

Интензивните преговори зад затворени врати се водеа цела недела од страна на Советот за да се избегне американското вето.

По состанокот за ситуацијата на Блискиот Исток, американската претставничка во ОН, Линда Томас-Гринфилд, им рече на новинарите дека Советот е „подготвен“ да гласа за нацрт-резолуцијата.

„Само сакам да споделам со вас дека работевме напорно и вредно во текот на изминатата недела со Емиратите, со другите, со Египет, за да дојдеме до резолуција што може да ја поддржиме. И сега ја имаме таа резолуција“, рече таа, без да даде информации за тоа како ќе гласа.

Израел започна со жестоки напади врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври, при што според здравствените власти во енклавата загинати се над 20.000 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се повеќе од 52.000.

Уништени се многу домови и друга инфраструктура, и има недостиг на храна, вода и лекови.

Израел соопшти дека 1.200 Израелци се убиени во нападот на Хамас од 7 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД велат дека се подготвени да гласаат за резолуцијата на СБ на ОН за Газа

Следно

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop