Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот

November 14, 2025
1 min read

На денешната седница на Советот на Град Скопје беше усвоен ребалансот на Буџетот со еден глас против и еден воздржан, стои во соопштението на Град Скопје кое МИА го пренесува интегрално. Со ребалансот се обезбедуваат средства за стабилизација на градските финансии, унапредување на инфраструктурата, подобрување на јавниот превоз, инвестирање во образованието и развој на нови зелени површини.

37 советници гласаа ЗА, еден воздржан и еден против. Градоначалникот истакна дека ребалансот претставува прв значаен чекор кон финансиска консолидација на градот. Со него буџетскиот дефицит се намалува за 928,5 милиони денари, а капиталните инвестиции се зголемуваат за речиси 98,9 милиони денари. Ребалансот ќе овозможи редовна исплата на платите во јавните претпријатија и намалување на непродуктивните трошоци, со цел средствата да бидат насочени кон проекти од директен интерес за граѓаните.

Во делот на јавниот превоз се предвидува враќање на приватните превозници во системот, продолжување на соработката со Министерството за транспорт за повторно активирање на Градскиот воз, како и набавка на 80 нови автобуси што веќе ја спроведува Владата. Започнува и процесот на разгледување на БРТ-системот како современо решение за подигнување на квалитетот на јавниот транспорт.

Во образованието, до крајот на годината, сите училишта ќе добијат нови спортски терени, фитнес-зони, смарт табли, информатички кабинети и лаптоп за секој првенец на генерација, а ќе биде решен и хроничниот недостаток на училишни клупи и столчиња.

Со ребалансот започнува реализацијата на повеќе зелени проекти, меѓу кои парк „Христијан Тодоровски – Карпош“, парк „Лепенец“ и дополнителни 50 мали паркови низ различни делови од градот.

Во делот на инфраструктурата ќе се продолжи со реконструкцијата на улицата „Фрањо Клуз“, изградбата на кружниот тек во Ѓорче Петров, третата лента на булевар „Александар Македонски“, првата фаза на булевар „Хрватска“, булевар „АСНОМ“ и клучката кај „Момин Поток“. Обезбедени се средства и за подготовка на проектна документација за улиците „Шарпланинска“, „Бутелска“, „Радишанска“, за кружниот тек кај „Тобако 2“ и други локации. Предвидени се и средства за експропријација, со што се отвора можност за реализација на големите булеварски решенија, вклучително и продолжувањето на булевар „Борис Трајковски“.

Градоначалникот порача дека со усвојувањето на ребалансот завршува периодот на застој и започнува нова фаза на стабилизација и развој на Град Скопје, со јасна намера градот да се врати на вистинскиот развоен пат.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мбапе: Луѓето многу зборуваат, но ние одиме на сите трофеи

Следно

Трагедија во Стокхолм: Автобус удри во станица, неколку мртви

Latest from Blog

ПОЧНУВА ЛЕКУВАЊЕ НА РАК СО РУСКИ ВАКЦИНИ: Овие пациенти ќе бидат првите што ќе ги примат

Развојот на вакцина против рак се одвива според планот, меланомот ќе биде првата болест што ќе се лекува, изјави денес рускиот министер за здравство Михаил Мурашко. „Сè оди според планот, како што

Араухо беше во Ерусалим и Уругвај, па се врати на тренинг во Барса

фото: Víctor Navarro @victor_nahe (X) Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, се врати на тренинзи во Барселона. Уругвајскиот дефанзивец денеска учествуваше на отворениот тренинг на тимот. За потсетување, на почетокот на декември, Араухо
Go toTop