Совет од адвокат: Никогаш не одговарајте на ова прашање од сообраќаен полицаец!

March 10, 2025
1 min read

Британскиот адвокат Насир Хафези е многу популарен на социјалните мрежи, и секојдневно дава различни правни совети, објаснувајќи ѝ ги на пошироката јавност нивните законски права во одредени ситуации. Пред неколку месеци тој сподели видео на TikTok во кое го откри прашањето на кое никогаш не треба точен одговор на сообраќајната полиција.

„Еве едно прашање на кое никогаш не треба да и одговорите на полицијата, ниту за милион години, без да знаете за кое кривично дело сте осомничени. Тоа е она кога полицијата ќе ве застане со автомобилот и ќе ве праша: „Знаеш ли зошто те запрев?“ – вели адвокатот.

Прашањето е прилично безопасно и луѓето обично ќе одговорат искрено или ќе го наведат најмалиот прекршок што знаат дека го направиле. Но, тоа е погрешен пристап.

„Доколку не можете да читате мисли, не знаете што точно му се врти низ главата на полицаецот во тој момент? Па зошто одговарате кога немате никакви информации од него?

Ако мислите дека полицијата само сака да ја препознаете сопствената грешка, размислете повторно.

„Почекајте малку. Проблемот со ова вообичаено, стандардно полициско прашање е што може да биде трик прашање“, посочува адвокатот и додава дека дури и ако полицаецот видел и има доказ дека сте направиле прекршок, ненамерно може да признаете друг прекршок.

„Замислете да не беше трик прашање и да не знаевте за каков прекршок сте обвинети и да одговорите: „Затоа што поминав на црвено“, „Затоа што возев со брзина“, „Затоа што јадев додека возев“.

Така вашите шпекулации за тоа што мислел полицаецот се претвараат во признанија.

Адвокатскиот совет е да го задржите вашиот одговор едноставен, но љубезен. „Те молам кажи ми“, треба да биде твојот одговор на прашањето „Знаеш ли зошто те сопрев?“.

Дополнителен одговор од службеникот ве става во подобра позиција да разговарате за потенцијалниот прекршок.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претреси на повеќе локации во Македонија

Следно

Николоски на средба со Јири Пос: Се разгледува можноста Скопје и Прага да се поврзат со авиолинија

Latest from Blog

Цените на лебот и пецивата остануваат на исто ниво, ќе се следи состојбата со енергенсите

Состојбата со цените на лебот и пецивата е под контрола и тие не се покачени во 99 отсто во државата, а претставниците и членовите на Коморите од мелничко пекарската индустрија одлучија цените

Општина Чаир со порака за инклузија: Одбележан денот на свесноста за аутизмот

Денеска, во Општина Чаир се одбележа Меѓународниот ден на свесноста за аутизмот. На добро организиран панел со широка учество на професионалци, родители и институционални претставници се дискутираше за предизвиците со кои се

Фрчат оставки во Италија: По претседателот си замина и директорот на репрезентацијата!

ФОТО: www.figc.it Хаос во Италија. Фрчат оставки во тамошната Фудбалска федерација. Имено по претседателот Габриеле Гравина, си замина и директорот на репрезентацијата, легендарнио Џанлуиџи Буфон. Ова доаѓа откако Италија по третпат во
Go toTop