Состанок во Владата посветен на Реформската агенда

January 18, 2026
1 min read

Во Владата денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој присуствувале повеќе министри заедно со премиерот Христијан Мицкоски.

-Денеска одржавме состанок посветен на реформската агенда, на кој се разговараше за тековните приоритети, предизвици и следните чекори за унапредување на реформските процеси, стои во објавата на премиерот на Фејсбук страницата.

Мицкоски наведе дека биле разменети мислења и предлози со цел поефикасна имплементација и подобра координација меѓу сите вклучени страни.

Претходно, во изјава за медиуми, премиерот наведе дека целта е прво да ја завршиме домашната задача поврзана со Реформската агенда, а потоа останува на Унијата дали ќе продолжи да го билатерализира нашиот процес на пристапување.

-Македонскиот евроинтегративен пат е неминовно поврзан со волјата на 27 земји-членки, една од нив е и од Бугарија. Знаете дека со нив имаме проблем, но ние имаме цел да си ја завршиме домашната задача, да се подготвиме, сите оние отворени прашања поврзани со Реформската агенда да ги завршиме, сите оние реформи што сме ги предвиделе да ги затвориме, рече Мицкоски.

Тој додаде дека откако сето тоа ќе го направиме, тогаш ќе оставиме на 27 земји-членки да одлучат дали ќе го билатерализираат овој процес или ќе биде базиран на критериуми коишто ги имале сите земји коишто му пристапиле на овој сојуз, односно на ЕУ.

Премиерот Мицкоски од утре до 23 јануари ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, што оваа година ќе се одржи под мотото „Во духот на дијалог“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Артета: Да победевме, ќе бевме во поинаква позиција!

Следно

Данската премиерка: Трамп не може да ја уценува Европа

Latest from Blog

Данската премиерка: Трамп не може да ја уценува Европа

Данската премиерка Мете Фредериксен денеска остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп поради неговата закана за воведување нови царини во спорот околу Гренланд, истакнувајќи дека Европа нема да попушти на притисок. „Ние

Повеќе од 200.000 потрошувачи во Запорожје останаа без електрична енергија по нападот со украински дрон

Повеќе од 200.000 потрошувачи во регионот Запорожје денес се без електрична енергија по нападот со украински беспилотни летала, објави регионалниот гувернер Евгениј Балицки. Во изјава објавена на каналот Телеграм, Балицки рече дека

Премиерот очекува едноцифрен процент на невработеност

Премиерот Христијан Мицкоски очекува првпат во земјава да имаме едноцифрен процент на невработеност, како резултат на активностите што се преземаат со  Реформската агенда. Бројот на невработени,  како што рече денеска во одговор
Go toTop