Соравиа Инвест: Најавената аукција на Соравија бизнис центарот е незаконска, поднесена е тужба до ОЈО ГОКК

April 4, 2025
2 mins read

Новиот сопственик и управител на Соравиа Бизнис Центар, Соравиа Инвест ДООЕЛ Скопје денеска објави соопштение во кое ги уверува закупците на деловниот простор дека нивните закупи, канцелариски простори, и услугите што ги добивааат нема да бидат засегнати од тековниот спор, и најавената аукција на зградата по барање на наплата на долг на еден од доверителите.

Соравија Инвест ДООЕЛ, воедно нагласува дека активно ги следи сите правни лекови за да се запре најавеното извршување и аукција на имотот за кое сметаат дека е незаконско и за што поднеле тужба до ОЈО ГОКК.

„Ние тврдиме дека овој процес на запленување е започнат незаконски и еднострано од повеќе доверители во наводен дослух со поранешното раководство на зградата. Според нас, оваа акција е без правна основа и е преземена без соодветна основа или согласност на сегашните законски сопственици. Соравија Инвест ДООЕЛ одлучно ја отфрла легитимноста на овие постапки и брзо ги оспори преку судовите. Како дел од нашата енергична одбрана на нашите сопственички права, официјално е поднесена кривична тужба до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција“, наведуваат од компанијата.

Додаваат дека приложиле докази и наводи дека процесот на лицитација е резултат на недозволени и договарачки активности и ги повикуваат властите темелно да го испитаат случајот, за што, наведуваат дека ќе обезбедат целосна соработка со истражителите.

Воедно, уверуваат дека планираната модернизација на Соравија Бизнис центарот кој го ребрендирале во кулата Валхала се одвива според планираното и ќе претставува имплементирање на високите стандарди за енергетска ефикасност и одржливост. 

„Ние разбираме дека вестите за потенцијална аукција може да бидат загрижувачки, но преземаме силни активности за да ја одбраниме нашата позиција и уверени сме во позитивен исход. Нашето ребрендирање во кулата Валхала и планираните надградби се движат напред, покажувајќи ја довербата што ја имаме во иднината на овој деловен центар. Ние во голема мера ја цениме континуираната поддршка и трпеливоста на нашите станари во ова време. На крајот, Соравија Инвест ДООЕЛ, Скопје, потврдува дека ќе го заштитиме Бизнис центарот и заедницата во неа. Тука сме да останеме и да овозможиме кулата Валхала да прерасне во еден од скопските најдобри деловни центри. Заедно со нашите станари ќе го надминеме овој предизвик и ќе продолжиме градење на просперитетна, одржлива деловна средина за годините што доаѓаат“, наведуваат од Соравиа Инвест ДООЕЛ Скопје.

Деловниот центар „Соравиа“ во центарот на Скопје е ставен на извршителска продажба закажана за 24 април годинава поради неисполнети финансиски обврски. Почетната вредност на објектот е 1.377.978.526 денари или околу 22,4 милиони евра.

„Соравиа“ беше во фокусот на јавноста поради контроверзниот процес на промена на сопственичката структура на компанијата што го поседува атрактивниот објект – „Соравиа Инвест“ и влегувањето на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, кој оперираше со овој објект.

Дрин Ахмети, кој е основач и сопственик на „Тор индустрис“, компанијата која го купи трговскиот центар „Соравија“, во март годинава преку соопштение информираше дека ќе се повлече од раководната функција. Според соопштението од „Тор индустрис“, нов сопственик е американската компанија „Тексас американ интернешенал холдингс“.

Продажбата на деловниот објект од 1307 метри квадратни е по барање на долг од 930 илјади евра, чиј доверителот е „Прва инвестициска банка“ од Софија, Бугарија, согласно Договор за залог од септември 2022 година. Јавната усна лицитација, како што е објавено на веб странат на Комората на извршители, ќе се одржи на 24 април во канцеларијата на извршителот Андреја Буневски.

Почетната цена за објектот е 1.377.978.526 денари односно околу 22.406.000 евра, а на јавното наддавање можат да учествуваат само лица кои претходно положиле гаранција која изнесува 1/10 (една десеттина) од утврдената вредност на недвижноста, односно износ од 137.797.853 денари или околу 2,2 милиони евра. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Андонов во Аргумент плус: Не е добра идеја ДЗС и ЦУК да се спојат во една институција

Следно

Првиот конвој терористи на ЈПГ/ПКК се повлекоа од Алепо, Сирија

Latest from Blog

Лука Модриќ е играч на месецот во Серија А

Формата е минлива, класата е вечна. Така некако оди фразата која што ги опишува сериозно добрите спортисти што постигнале огромни успеси во кариерите, а потоа и во зрели години и натаму импресионираат

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски апелира случајот со директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се истражи докрај. Овој случај, според Трипуновски, е показател дека

Коњановски на премиера на филм посветен на херојот Стив Наумов

Во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, вечерва во Кино Манаки премиерно беше прикажан долгометражниот документарен филм „Мојот вујко Стив Наумов“. На проекцијата присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски,

Тоневски: Честит и благословен Митровден на сите православни верници

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски, денес присуствуваше на одбележувањето на празникот посветен на светиот великомаченик Димитриј Мироточив – Митровден во селото Турско Рудари. Во заедништво со жителите и верниците, беше одбележан
Go toTop