Сопругата на Макрон не е транссексуалец

March 11, 2024
1 min read

„Најлошата работа се лажните информации и фабрикуваните сценарија. Луѓето со тек на време им веруваат и тоа те вознемирува, дури и приватно,“ изјавил Макрон.

70-годишната Брижит Макрон веќе неколку години е мета на заговор според кој таа е родена како маж и со тек на време транзиционира во жена. Таа од 2007 е во брак со 33 години помладиот Макрон.

Шпекулациите неодамна повторно воскреснаа откако 40-годишната ќерка на Брижит, Тифен Озиер, во интервју изјави „загрижена сум за нивото на општеството кога ќе чујам што се врти на социјалните мрежи околу тоа дека мајка ми е машко.“

Макрон на само 15 години ја започнува врската со тогаш 40-годишната мајка на три деца Брижит Озиер, која му е професорка на училиште.

Двете авторки кои ги започнаа гласините во јуни добија „симболични казни“ од француската апелација. Двете тврдат дека биле мета на „закани од властите“ откако „ултра заштитени“ припадници на парискиот естаблишмент се обидел да прикрие „државна тајна“. Теоријата на заговор што тие ја шират е дека Брижит била родена во 1953 како момче по име Жан Мижел Троњу (семејното презиме на Брижит пред првиот брак). Дополнително ниво на заговорот е и дека првиот сопруг на Брижит никогаш воопшто не ни постоел пред тој да биде пријавен како мртов во 2020.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пратенички листи на ВМРО – ДПМНЕ: Мицкоски носител во ИЕ1, Мисајловски во 2, Ковачки во 3, Николоски во 4, Стојановска во 6-ка, одлука нема само за „петката“

Следно

Убиен поранешен светски шампион во бокс

Latest from Blog

Трамп бесен, носи радикална одлука: „Ќе ги парализираме“

Одлуката уследи само неколку часа откако поранешната судијка на МКС, Нави Пилај, ја доби Нобеловата награда за мир. Администрацијата на Трамп претходно веќе имаше воведено санкции против обвинителите и судиите на МКС,

Поранешен тренер на Барселона: „Не бев свој таму, но го тренирав Лионел Меси“

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, призна дека периодот на „Камп Ноу“ бил еден од најтешките во неговата професионална кариера. Во интервју тој откри дека не успеал да го покаже вистинскиот карактер

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop