Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

July 15, 2025
1 min read

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на другите  земјоделски производи годинава се многу повисоки од претходно. Но и цените за трошоци за производство на грозје се многу повисоки. Цената на грозјето е за неполн денар повисока од минатата година. Или, 18.9 денари за ,,смедеревка” и 21.3 за ,,вранец”. Затоа бараме плаќање на грозјето според шеќерни единици и почитување на шеќерноста при откупот, за да нема манипулации, инспектори да има на терен“, информираше Златевски. 

Тој истакна дека се очекува квалитетен род од околу 100 милиони килограми грозје. Доколку се плаќало според шеќерни единици, нагласи дека цената за килограм ќе растела согласно на шеќерноста. Златевски додаде дека очекуваат годинава исто така откупувачите од други општини, да не им сопирале на лозарите по денар до два од килограм грозје, за превоз. 

Златевски подвлече дека винариите биле заинтересирани за околу 57 милиони килограми грозје. За да не се појави вишок, од Сојузот веќе било разговарано со претставници на Министерството за земјоделство, за непречен извоз на грозје од државата. 

Претседателот на Сојузот на здруженија на лозари информираше и дека ќе бараат од надлежните субвенции за модернизирање на лозаропроизводството, со цел намалување на трошоците на лозарите. Се мисли на модернизирање на лозовите насади и вклучување на машини за обработка, па дури и за берба на грозје. Тие субвенции, кога станувало збор за земјоделски задруги, изнесувале и до деведесет отсто. Значи, државата да им обезбедува плаќање на 90 отсто при набавката на комбајн за берба. 

– Се надеваме исто така дека од новиот закон за вино, ќе биде изземен членот, што предвидува дека за плаќање веднаш, на лозарите да им се задржат осум проценти од цената на грозјето, од страна на откупувачите. Тој процент да биде 3-4 проценти, истакна Златевски. 

Тој нагласи дека лозарите имаат надеж дека Министерството за земјоделство ќе ги има во предвид овие нивни барања и дека ќе им помогне, конечно по долги години, лозарството да биде на местото што го заслужува. 

Златевски додаде дека очекуваат и поголема транспарентност околу методологијата при утврдување производствена и откупна цена за килограм грозје. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Три месецa затвор за обвинетиот за убиството на кучето Феликс

Следно

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Latest from Blog

Сити сигурен против против Сандерленд

Тимот на Манчестер Сити немаше проблеми да дојде до нов триумф денеска на домашен терен против екипата на Сандерленд. Со головите на Диаз, Гвардиол и Фоден, дојде до победа од 3:0. Тотенхем

Орбан: Европа ќе стане непрепознатлива ако не се променат актуелните трендови

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес ја нагласи важноста на зачувувањето на суверенитетот на земјата, истакнувајќи дека не станува збор само за чест, туку и за економија, и посочи дека Европа ќе биде

Мицкоски: До последниот ден од мојот последен мандат ќе барам работа и резултати, мора да го исчистиме талогот во општеството

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во говорот по реизборот се осврна и на успехот на партијата и за пребродениот тежок период, како и на политичките противници – опозициските партии. Соопшти дека по

Баерн со „петарда“, Аугзбург го изненади Баер

Тимот на Баерн Минхен на најдобар можен начин ја покажа својата сила. Со пет гола во мрежата на Штутгарт и уште една гостинска победа која само ја потврдува доминацијата на „Баварците“ сезонава.

Орбан: Брисел ја игнорира Унгарија, санкциите против Русија ја убиваат нашата економија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека унгарските аргументи не се земаат предвид при формулирањето на политиката на санкции на Брисел кон Русија, иако самото постоење на земјата зависи од тоа, барем
Go toTop