Собранието со автентичното толкување на Законот за надворешни работи создава услови за отповикување Амбасадори

December 24, 2024
1 min read

Со денешното Толкување на Законот за надворешни работи, Собранието создава услови за отповикување на десетина амбасадори. Меѓу нив, Андреј Жерновски од Букурешт, Мето Белески од Брисел, Пајо Авировиќ од ОБСЕ, Емил Крстевски од Прага, Агнеза Руси од Софија, Зеќир Рамчиловиќ од Подгорица и други.

Сите тие заминаа на извршување на должноста без презентација на програмата пред собраниската Комисија за надворешна политика.

По предлог на Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, Собранието усвои две автентични толкувања на одредби од Законот за надворешни работи. Првото е за задолжителноста на презентацијата на програмата пред надлежната собраниска комисија.

Изминатите години, повеќе амбасадори заминаа на функција откако претседателот на комисијата Антонио Милошоски одбиваше да ги стави нивните презентации на дневен ред.

Второто автентично толкување е можноста Владата по предлог на министерот да го отповика амбасадорот пред да наврши 4 години.

Опозицијата се спротивстави со тврдење дека ова значи креирање нови законски решенија без менување на законот, што внесува правна несигурност.

Оливер Спасовски од СДСМ рече дека власта настојува „на мала врата“ да си го толкува и да си го менува законот, внесувајќи нов услов за разрешување амбасадори.

Сали Мурати од Европскиот фронт смета дека се случува „опасен преседан“ на менување на суштината на законот и побара широка дебата за ваквата идеја.

И покрај ваквите укажувања, мнозинството пратеници ги изгласа двете автентични толкувања на Законот за надворешни работи.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Дел од полициските единици добија нови автомобили

Следно

Случај „организаторите на 27-ми април“: „Тројца обвинети ги исполнуваат условите за амнестија“

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop