Собранието ќе ја одржи 30. седница

January 16, 2025
1 min read

Собранието денеска ќе ја одржи 30-та седница. На дневен ред се вкупно 26 точки меѓу кои и Дополнетиот предлог на закон за изменување на Законот за употребата на македонскиот јазик, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудиовизуелните добра и Предлог-измените на Законот за јавните набавки, сите во второ читање.

Пратениците ќе дискутираат и по Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“ во Либан, Предлог- одлуката за објавување јавен оглас за член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Предлог одлуката за објавување јавен оглас за член на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, како и Предлог одлуката за избор на заменик – директор на Агенцијата за заштита на личните податоци.

Во рамки на оваа седница по скратена постапка се поднесени неколку предлог-закони како што се измените на Законот за услуги, Законот за таксата за привремен престој, Законот за трговија, Законот за угостителската дејност, Законот за туристичката дејност, Законот за градежните производи, Законот за класифицирани информации, Законот за санитарната и здравствената инспекција…

Во прво читање на дневен ред има неколку закони кои главно се од економската сфера.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најдобриот ракометар на Португалија падна на допинг тест на СП

Следно

На Плетвар магла, на Ѓавато слаб снег

Latest from Blog

Нејмар одби да игра поради теренот, во „луда завршница“ неговиот тим загуби со гол даден со „ножички“ (Видео)

Сантос загуби со 1:2 на гостувањето кај Атлетико Минеиро во меч на кој Нејмар одби да игра поради тоа што теренот има вештачка подлога. Овој натпревар беше директна борба за петтото место

Инвестиција од над две милијарди долари во Халкидики: Отворен рудникот „Скуриес“

Во североисточниот дел на Халкидики на 8 октомври свечено беше отворен рудникот за бакар и злато „Скуриес“, инвестиција вредна повеќе од две милијарди долари. Комерцијалното производство е најавено до крајот на 2026

БИО ЕНТЕРПРАЈЗ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД „МАКПРОГРЕС“ ЗА ПОМОШТА ПРИ ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ВИНЧИНИ“

Био Ентерпрајз, компанија од групацијата ФЕРО ИНВЕСТ / ЦЕНТРАЛ ИНВЕСТ, доби плакета за благодарност од „Макпрогрес“ за помошта што ја обезбеди при големиот пожар кој пред една година зафати дел од фабриката
Go toTop