Со Унгарскиот кредит Владата ќе им ги наполни „дисаѓите“ на компаниите и банките, а граѓаните остануваат со празни џебови, според членот 247 од КЗ, тоа е кривично дело

November 9, 2024
2 mins read

Професор д-р на Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, на својот фејсбук профил, за унгарскиот кредит објасни кој „профитира“ а кој „губи“ од „дилот“, со Унгарија. Тој пишува дека граѓаните се изиграни, затоа што без да бидат информирани за кредитот преку изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, која попоуларно беше насловена како, „Платформа #1198“, нивните џебови ќе бидат „олеснети“, додека пак компаниите и банките ќе си си ги натоварат дисаѓите.

Трајковски смета дека со информацијата од Владата на Мицкоски, дека ќе им биде платена каматата на приватните компании кои ќе земат пари од унгарскиот кредит, постапка е нефер кон граѓаните, бидејќи тие од свој џеб треба да платат дел од каматата.

Тој напиша: „Да видиме поточно за што се работи“?

Владата позајмува пари од Унгарија со каматна стапка од 3,25%. Тие пари Владата не им ги позајмува директно на компаниите, туку преку комерцијалните банки. Комерцијалните банки, сосема разбирливо, сакаат да наплатат каматна маржа, која нема да биде помала од 3%.

За да не достигне каматната стапка најмалку 6,25% за крајните корисници, Владата од буџетот сака на комерцијалните банки да им ја плати каматната маржа (се работи за 100-120 милиони евра), со што компаниите би добиле евтин кредит со каматна стапка од само 3,25%, наместо најмалку 6,25%.

Да биде појасно, граѓаните преку буџетот нема да им ја платат целата камата на компаниите (компаниите сепак ќе плаќаат 3,25%), туку ќе им плаќаат на банките.

Кој профитира, а кој губи од ваквата „трипер комбинација“? Профитираат банките, профитираат и компаниите, а губат граѓаните. Банките и компаниите се приватни, работаат за сопствен профит, а сé посиромашните граѓани ќе ги полнат со пари БЕЗ МОЖНОСТ ДА СЕ СПРОТИВСТАВАТ, бидејќи никој не ги прашува. Може слободно да се каже дека Владата им овозможува противправна имотна корист на други лица (банките и компаниите), што е кривично дело според член 247 од КЗ, слично како за ПАХЕ „Чебрен“ и гасната централа на „Митилиниеос“.

Доколку оваа власт ова го изнела во предизборната програма, граѓаните ќе можеле да реагираат и да не гласаат за оваа власт, а вака се изиграни и следниот поправен испит ќе го имаат дури на избори после 3,5 години.

Во какви школи учеле да прават вакви измами и како не се срамат од граѓаните, кои им ја дале довербата за да ги поправат грешките на претходната власт? Што мислат сега коалиционите партнери од Вреди (Влен) и ЗНАМ, кои слепо ги следат политиките на ВМРО-ДПМНЕ? Дали министерските и директорските места им се поважни од лицето пред граѓаните, што ќе го изгубат засекогаш поддржувајќи вакви ненародни политики? Дали вака планираа да бидат коректор на власта?

Не им е прв пат, да се потсетиме само на раздавањето на природните ресурси и давањето на домашниот пазар за изградба на ветропаркот на странскиот инвестициски фонд „Алказар Енерџи“ , како и самото пласирање на парите од унгарскиот кредит на општините и приватните компании, наместо државата сама да ги инвестира во брзоповратни инвестиции, пред се од енергетиката. Наместо да работаат за општо добро, вршат приватизација на профитите и колективизација на загубите, напиша Трајковски на својот фб профил.

На ваквата фејсбук објава на професорот Трајковски, со свои коментари се јавија бројни граѓани. Ви пренесуваме дел од нив:,

„Дали е конечен овој “изум” ?,

Друг корисник пишува: „Кој вели дека заемот е ефтин“!?

Трет пак во својот статус напишал. „Точно кажано. Никаде во капиталистичките системи нема камати на приватни субјекти, а и долгови на општини да се плаќаат од џебот награѓаните. Ова е невиден пресесдан кој помина глатко без ничива реакција…лошо многу лошо…Ќе има многу измами…“, Ова треба сега на сите sвона, до секој човек да допре оваа јасна и прецизна информација и да не остане, како чудо за три дена“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приходот од трката во Барселона ќе биде дониран за Валенсија

Следно

Студено утро низ земјава: Берово -8°C, минусни температури и во други градови

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop