Со проектот „Безбеден град“ сообраќајот навистина ќе стане (по)безбеден

January 14, 2025
2 mins read

Ако пишува 50, а вие возите 80, или пак веќе е жолто, а вие давате гас за да поминете побрзо, казната ќе ве стигне и и ќе ви стигне порака, а ќе ја добиете и во поштенското сандаче. Залудни ќе бидат сите вртења по телефон на пријатели бидејќи бројот на системот ќе го немате. Таков не постои. Камерите од „Сејф сити“ ќе снимаат околу 100-тина булевари и крстосници, помали и поголеми улици. 90 проценти од поставувањето и инсталацијата веќе е завршено, а за помалку од два месеца, полицијата ќе го постави целосно системот Безбеден град. Поминување на црвено и прекорачена брзина ќе бидат главните прекршоци кои ќе се санкционираат преку видео наздзорот и никој нема да може да избегне казна доколку не се придржува до сообраќајните правила и прописи, вели за Алфа, началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски. Од кога е започнат процесот на поставување на новиот систем, тестирањата покажуваат дека прекршоците се намалиле неколку кратно, вели началникот, а очекувањата се бројката дополнително да опаѓа.

-Ние имаме дневна бројка на прекшувања бидејќи ние секојдневно го тестираме. Но, ќе ни треба уште 30-40 дена, за да се дотестира и да се доусоврши, за да нема грешки нели или грешките да ги сведеме на минимум. Прeвенцијата ни говори дека, имаме поплаки од нови граѓани каде што се вршат проверки и од прилика на 10 до 15 локации нови ќе поставиме и тука ќе го заокружиме процесот некаде на 100-90 локации таков тип на камери каде што граѓаните нема да можат да видат дека некој го прекшува законот во делот на возењето во однос на поминување на црвено или прекорачена брзина. И тука превентивно ќе делуваме затоа што граѓаните ќе сфатат дека едноставно има камера, и камерата не може на никој да му прости“ вели началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски.

На законските измени се работи со полна пареа во Министерството за внатрешни работи. Експертската фела, професори по безбедност и сообраќај, началници, инспектори учествуваат во изработка на законот кој до март би требало да е готов. Откако ќе ги помине сите владини и собраниски процедури влегува во сила.

-Јас сум член на една од Комисии каде што макотрпно се работи за законот. Морам да признаам дека на неколку состаноци таму видов луѓе кои се од сообраќајната фела од најразлични карактери, од професори до луѓе кои се бават цел живот со сообраќај и при крај се сите законските решенија кои ќе поминат во Собрание во некој нормален ред, овие месеци, мислам овие месец два и конечно ќе се заокружи тој процес каде што полноправно ќе може системот на Сејфт сити да профункционира и законски да кажеме и казните да течат за прекршителите, ако нема прекршители нема да има казни, вели Топаловски.

Но, ова нема да биде единствената новина која ќе се регулира со новите законски измени. Полициски возила опремени со камери кои ќе бидат директно поврзани со системот Безбеден град, ќе патролираат по Скопје. Секое застанување на булевар каде што не е предвидено таканареченото „паркирање на пет минути“ ќе биде санкционирано.

-За несоодветно паркираните, на паркиралиштата, на булеварите.. Сите оние кои ќе помислат дека ќе може да ја остават колата и некаде да отидат да завршат некоја рабоота, притоа да создадат гужва на таа сообраќајница, сега ќе имаат казна. Колите ќе вртат по цел ден, по неколку часа на различни локации. Морам да им кажам и една порака да испратам на тие кои планираат да бидат сообраќајни прекшители, тоа нема да биде исплатливо“, вели началникот Топаловски.

Системот поседува 10 пати повеќе камери кои исто така работат и се користат за откривање на потешки криминални дела, вели началникот. Ставањето во функција на системот нема за цел намерно да се казнуваат граѓаните, туку да се зголеми сообраќајната култура и почитувањето на прописите. Идејата на Министерството за внатрешни работи е да го намали бројот на жрвтви од сообраќајни незгоди на половина, вели началникот. „Сејф сити“ ќе им биде од помош и на полицајците на терен, бидејќи една раскрсница ќе биде покриена од сите агли со камери и ќе ги регистрира сите пркшоци кои со голо око не можат да се забележат. Според плановите на МВР, ваков безбедносен систем до крајот на годината, треба да добијат поголемите градови во Македонија.

Извор: Алфа телевизија

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Утре завршува новогодишната кошничка

Следно

Палестинско-британската режисерка за Анадолу ја раскажа пораката на нејзиниот филм „Учителката“

Latest from Blog

Кос: Нема да има геополитичко попуштање, Северна Македонија треба да го промени Уставот за да напредува во пристапувањето кон ЕУ 

Северна Македонија треба да покаже волја за промена на Уставот за да постигне напредок во процесот на пристапување кон ЕУ, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на дебата со членовите на Комитетот

Началникот на ГШ на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска ќе учествува на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови од земјите членки

Лансиран првиот сателит на турската компанија „Фергани“, ФГН-100-д1

ИСТАНБУЛ (АА) – Првиот сателит на турската компанија „Фергани Спејс“, ФГН-100-д1 (FGN-100-d1), е лансиран вечерва од американската вселенска база „Вандерберг“, јавува Анадолу. Сателитот на компанијата, чиј висок раководител е Селчук Бајрактар, претседател

Еврокомесарката Кос: ЕУ има за цел да ги поддржи Црна Гора и Албанија во завршувањето на пристапниот процес

БРИСЕЛ (АА) – Комесарката за проширување на Европската Унија (ЕУ), Марта Кос, денеска рече дека ЕУ се обидува да постигне динамика во проширувањето, со отворање на поглавјата со Украина и Молдавија оваа

МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ СО ВРНЕЖИ ОД СНЕГ: Какво врме не очекува утре и во следните денови?

Времето студено, преку денот претежно облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во планинските региони повремено ќе провејува слаб снег, информираат од УХМР. Во Скопје променливо облачно и студено, со
Go toTop