Со посветена работа, штитејќи го интересот и угледот на државата, добиени три арбитражни постапки и заштеда во Буџетот од 565 милиони евра

August 21, 2025
1 min read

Кога се работи посветено, со одговорен пристап и ефикасна одбрана во интерес на државата, можат да се постигнат позитивни резултати и во тешки и комплицирани спорови, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Штитејќи го државниот интерес пред меѓународните судови, владиното координативно тело за арбитражни постапки вложи максимални напори, од внимателна анализа на документите и договорите, до темелна подготовка со правни аргументи, со што обезбеди силна и одржлива позиција во постапката.

Токму ваквиот начин на работа, резултираше со плод и позитивен исход во полза на Македонија кај три меѓународни арбитражни постапки.

Со успешно завршените арбитражни постапки направена е заштеда на државниот Буџет во износ од околу 565 милиони евра.

Покрај добиената арбитражна постапка за рудникот Казандол против Македонија со вредност од околу 115 милиони евра, добиени се и арбитражна постапка позната како САСА со вредност од 445 милиони евра и арбитражна постапка ГАМА со вредност од над 5 милиони евра.

Овој позитивен исход е потврда дека со транспарентност, одговорност и заедничка работа можат да се постигнат резултати кои во минатото беа претставувани како невозможни.

Секој ваков позитивен резултат ја зајакнува довербата во институциите, го штити буџетот од непотребни финансиски, како и меѓународниот углед на државата.

И за таа цел, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено да ја заштити државата, парите на граѓаните и угледот на институциите, се вели во соопштението на партијата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: По повеќе од 20 години ќе се проширива булеварот „Цветан Димов”, инвестиција вредна 10 милиони евра

Следно

Астролошки земјотрес: ТРИ знаци ќе мора да донесат одлука што ќе им го промени животот во следните 48 часа

Latest from Blog

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

СДС е „кукла на конци“ под диктат на Заев, со пропадната ПР стратегија од Башановиќ и Шчекиќ, Филипче е без кредибилитет и ја води партијата кон исчезнување

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Go toTop