Со остри предмети нападната малолетничка во Велес – полицијата испукала четири предупредувачки куршуми!

June 14, 2025
1 min read

На  13.06.2025 година околу 18.00 часот, во СВР Велес, Е.Х.(25) од Велес, пријави дека на улицата „Хаџи Косте“ во Велес, неговата малолетна ќерка била физички нападната од С.У.(23) од Велес, при што напаѓачот употребил и метален предмет, а откако неговата 27-годишна сопруга дошла на местото на настанот, тој и кон неа упатил закани.

Од страна на полициски службеници С.У. бил затекнат како во рацете држи  остри предмети,  му била дадена наредба да ги фрли, но истиот се оглушил на наредба, им се заканувал на полициските службеници движејќи се кон нив со намера да ги нападне, по што бил испукан еден предупредувачки куршум во воздух и повторно му била дадена наредба да ги фрли предметите.

С.У. повторно се оглушил на наредбата,  продолжил да се движи кон полициските службеници, и бил испукан уште еден предупредувачки куршум во воздух, по што напаѓачот го фрлил едниот предмет и се дал во бегство.

Биле испукани уште два предупредувачки куршуми во воздух, а С.У. и натаму бегајќи го фрлил и другиот предмет. Предметите се пронајдени и одземени, за настанот е известен Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес, а по лицето интензивно се трага.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иран почна петти бран воздушни напади врз Израел, најави удари и на американските бази на Блискиот исток

Следно

Уште 3 нуклеарни научници убиени во нападите на Израел врз Иран

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop