Со ливчиња патувавме за Грција, сега со ливчиња патуваме за Македонија

February 12, 2024
1 min read

Околу еден милион граѓани сè уште немаат пасоши со новото име на државата. Граѓаните се жалат на нефункционални линии за закажување термини, а оние коишто веќе се пријавиле велат дека потоа следува долго чекање за добивање на документите се кои аплицирале бидејќи нема примероци. Во меѓувреме, сите наши државјани кои моментално се во странство за влез во Македонија мора да вадат патни исправи од нашите дипломатските претставништва  задолжени за земјата каде што се наоѓаат. Овој документ чини 30 евра и важи само 30 дена.

Замената на пасошите предизвика револт кај граѓаните. Долги чекања и хаос пред шалтерите на МВР.

„Дали ги сменивте документите? Не, премногу е хаос“, рече еден граѓанин.

„Како го коментирате овој хаос за промена на документите? Ужас, треба да изгубиш една недела, јас сум тука секој ден и не те фермаат, не те ни гледаат. Телефонот не работи? Не, јавувај се колку сакаш. Зошто сте тука денеска? За термин во 11 часот. Кога ќе дојдат луѓе што ги познаваат, ги земаат побрзо, а ние чекаме“, рече еден граѓанин.

Од 13 февруари личните карти со старото државно име ќе важат само за домашна употреба. Издавањето на документи со новото име започна две години подоцна откако Договорот од Преспа стапи во сила, односно дури од јули 2021 година./Алсат.мк

Авни Тахири

 

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мората го повреди коленото

Следно

Над 580 случаи на голема кашлица во Црна Гора

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop